Тел:   +389 2 3117 896
Факс: +389 2 3118 414
Е-пошта: contact@mon.gov.mk

Лабораторија за еко-информатика

Еколошките информационите системи се од особена важност за одржливиот развој на една држава а и во светски рамки.

Лабораторијата за екоинформатика е формирана уште во 2003 година со опрема набавена исклучиво од сопствени средства од апликативната дејност а потоа и од сопствени средства од научноистражувачката дејност (меѓународни проекти).

Примената на информационите технологии и системи во екологијата бараат од студентите мултидисциплинарни знаења. Географските информациони системи и мобилните веб сервиси се користат и употребуваат на многу начини, особено во акумулацијата и дистрибуцијата на многу важни информации. Специфични процедури на операции можат да бидат спроведени, како што е мерењето на податоци од далечен објект за мониторинг, а подоцна и испраќање на специфични пораки за состојбата на еутрофизацијата за критичните алармантни вредности.

Целокупното образование на студентите е основа за успешна работа и прилагодување на брзите промени на технологиите. Една од битните потреби за основање на оваа лабораторија е обезбедување на мултидисциплинарни практични знаења кои студентите подоцна ќе можат да ги применат во развој на проекти, работа во државни и приватни институции и ќе бидат способни постојано  да ги имплементираат промените во напредните еко-информациони системи. 

Лабораторија ќе обезбеди практични предзнаења кои се применливи во стопанството, владините институции (Министерство за екологија и просторно планирање, Министерство за локална самоуправа), општините (ЛЕАП), катастарот, како и во компаниите кои се занимаваат со заштита на човековата околина.

 

За понатамошно доопремување и усовршување на лабораторијата, добиена е дополнителна опрема (воглавно мерна опрема)  и софтвер.

 

1.    Компактен мерач на квалитет на воздух  (Airpointer)

2.    Ултрасоничен инструмент за мерење на проток, ниво и притисок на течности и гасови

3.    Софтвер за еколошки анализи

-       Софтвер за еколошки анализиSTELLA

-       Софтвер за еколошкианализиOMNIDIA

                          -       Софтвер за еколошки анализиGoldSim

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје 

Одговорен        проф.д-р Коста Митревски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   

Tелефон:            +389 (02) 30 70 377

Лабораторија за грид, паралелно и дистрибуирано процесирање

Лабораторијата за грид, паралелно и дистрибуирано процесирање претставува лабораторија која обезбедува сервиси, ресурси, истражувања и помош за Грид, паралелно и дистрибуирано процесирање. Лабораторијата располага со серверски и складирачки ресурси, кои преку Грид инфраструктурата се достапни за сите истражувачи. Лабораторијата раководи со Македонската академска и истражувачка Грид иницијатива (МАРГИ) која е задолжена за надгледување на стабилноста на инфраструктурата.

Лабораторијата ги опслужува истражувачите на Македонија со процесирачки и складирачки ресурси за потребата истражувачките и апликативните проекти. Лабораторијата нуди можност на сите истражувачи да ги извршуваат своите симулации и нумерички пресметувања на националната Грид инфраструктура, а воедно и да пристапат до Европската Грид инфраструктура која располага со големи пресметковни ресурси. Лабораторијата нуди соработка на заинтересираните истражувачи за прилагодување на програмските решенија за ефикасно користење на оваа инраструктура, како и тренинг и обуки за истата. Од истражувачки аспект, Лабораторијата врши истражувања во иновативни решенија за Грид пресметување, како и паралелизација и оптимизација на различни алгоритми.

Бидејќи лабораторијата нуди ресурси на различни истражувачи од Р. Македонија, лабораторијата наоѓа примена во сите научни и апликативни проекти во кои истражувањата се базираат на големи и комплексни пресметувања, за кои пред се не се доволни локалните компјутерски ресурси на истражувачите, и потребно е да се воведе паралелен или дистрибуиран принцип на пресметување.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје 

Одговорен        проф. д-р. Боро Јакимовски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   

Tелефон:            +389 (02) 30 70 377

                            +389 (70) 32 87 18

 

Лабораторија за информациони системи, мултимедиски техонологии и визуелизација

Во оваа лабораторија се проучуваат мултимедиските податоци како и начинот на нивната организација. Посебно внимание се дава на мултимедиски стандарди и техниките за дигитализација. Лабораторијата понатаму се бави со модели на податоци и пристап, претставување и обработка на мултимедиски податоци, компресија на мултимедиски податоци (текст, слика, видео и аудио). Посебно внимание се дава на претставување, опис и менаџирање на мултимедиската содржина. Важно место тука има МПЕГ - 7 мултимедиска дескрипциона шема како и содржинско- базирано пребарување и филтрирање на мултимедиски податоци.

Се проучуваат сите видови на визуелни дескриптори (текст, слика, видео и аудио). Посебно се посветува внимание на дескрипторите за пребарување на 3Д објекти и нивната примена.

Опремата служи и за дистрибуирани сензорски мултимедиски системи, аспекти од мултимедиски комуникации, пренос на мултимедиски информации, протоколи, интерфејси и стандарди за кодирање и формати за размена на податоци, врска со МПЕГ-4, проучување на параметрите за оценка на квалитет на услуги (QoS, QoE) кај мултимедиските системи и комуникации, синхронизација на медиумите и подршка за прикажување во реално време, интерактивни мултимедиски околини. Конечно, се испитуваат мултимедиски системи во облак околина (обработка, пренос и квалитет на услуги) со осврт на проектирање на мултимедиски апликации. Се испитува можноста за примена на мултимедиските системи во медицината, здравството, уметноста, забавата (игрите) и образованието.

Лабораторијата се користи за настава на додипломски, последипломски и докторски студии како и за научно-истражувачка работа. Во соработка со лабораториите за еко-информатика и мултимедиски мобилни апликации се развиваат  мобилни мултимедеиските апликации во облак околина. Информациони мултимедиски системи се базираат на овие технологии и се врши визуализација преку расположивите софтверски алатки.

Лабораторијата може да служи за истражување и развој на мултимедиски мобилни апликации и информациони системи во многу области какви што се медицината, здравството, уметноста, забавата (игрите) и образованието итн. Посебно е интересна врската со облак (мобилна) околина, сензорските мултимедиски апликации и истражувања во областа на Интернет на нешта (“Internet of Things”).

Серверите од лабораторијата, како и од другите лаборатории на ФИНКИ се обединети во заеднички ХПЦ центар (центар за обработка на податоци со високи перформанси) кој е основа за развој на облак (Cloud) околината.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје 

Одговорен        проф. д-р Данчо Давчев

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.    

Tелефон:            +389 (02) 30 70 377

 

 

Лабораторија за оптички комуникации

Лабораторијата за оптички комуникации придонесува во подобрување на квалитетот на студиите на насоката Телекомуникации при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на додипломски, постдипломски и докторски студии.

Лабораторијата со својот апликативен карактер се користи за утврдување на квалитетот на постојните оптички мрежи и оние кои операторите ќе ги поставуваат во иднина во Република Македонија, што претставува основа за оценување на квалитетот на телекомуникациските сервиси понудени до граѓаните и фирмите, како на пример капацитетот и брзината на интернет пристапот.

Во рамките на лабораторијата набавени се: платформа за тестирање на оптички линкови, оптички рефлектометар за испитување на квалитетот на оптички линкови и лоцирање на грешки и оштетувања на оптичкото влакно, уред кој служи за поправка и поврзување на прекинати оптички влакна и извор на оптички сигнали.

 

Лабораторијата се користи за:

- за изведување на практичната настава на додипломските и постдипломските студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии,

- за сертификација на опрема за оптички комуникации,        

- за изведување тестови за прифатливост и тестови за сообразност на телекомуникациска опрема наменета за оптички системи и веќе инсталирани оптички системи,

- за научно истражувачка работа од областа на оптичките комуникации,

- за развојно-истражувачки проекти во соработка со стопанството.

 

Лабораторијата за оптички комуникации може да реализира научно-истражувачки и апликативни проекти кои вклучуваат:

Мерења за утврдување на карактеристиките на уреди и компоненти наменети за оптичките комуникациски мрежи и системи (бранова должина, спектрална широчина, предавателна моќност, дисперзија во оптички влакна, слабеење, должина на оптички влакна).

Утврдување на прифатливост (acceptance  test) на инсталирана оптичка комуникациска инфраструктура според препораките на ITU и други стандардизациски тела;        

Утврдување на сообразност (assurance  test) на оптички уреди и компоненти, како и на инсталирана оптичка комуникациска инфраструктура според препораките на ITU и други стандардизациски тела;

Сплајсување оптички влакна

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за електротехника и информациски технологии - Скопје 

Одговорен        проф. д-р Борислав Поповски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 30 99 191

                            +389 75 42 55 50

 

 

Серверска лабораторија

Серверската лабораторија претставува централна лабораторија која нуди услуги/ресурси на останатите лаборатории при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Сите лаборатории и истражувачи кои за потребата на своите истражувања имаат потреба од серверска платформа за поставување на своите истражувања, побаруваат ресурси од лабораторијата, која во согласност со можностите врши нивно опслужување. Главни ресурси со кои располага лабораторијата се процесирачки (сервери) и складирачки (мрежни складови). Принципот на делење на ресурсите се обезбедува со виртуелизација на истите, со што на едноставен и транспарентен начин се делат ресурсите.

Лабораторијата главно се користи за опслужување на истражувачите на ФИНКИ со процесирачки и складирачки ресурси за потребата истражувачките и апликативните проекти.

Бидејќи лабоарторијата нуди ресурси на различни истражувачи од останатите лаборатории на ФИНКИ, лабораторијата наоѓа примена во сите научни и апликативни проекти во кои учествува факултетот.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје 

Одговорен        проф. д-р Боро Јакимовски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Tелефон:            +389 (02) 30 70 377

                            +389 (70) 32 87 18

 

 

Лабораторија за процесирање на сигнали во телекомуникациите

Основна дејност на лабораторијата е имплементирање на алгоритми за процесирање на сигнали во телекомуникациите во реално време. Се имплементираат различни дигитални модулациски техники и техники на заштитно кодирање, OFDM, MIMO и интелигентни антени. Напоредно, се развиваат алгоритми за процесирање и компресија на говор, аудио, слика и видео сигнали. Можен е и развој на понапредни алгоритми за дистрибуирано кодирање на видео сигнали, multiview видео кодирање и кодирање со повеќе дескрипции.

Лабораторијата има научно-истражувачки, едукативен и развојно-истражувачки карактер. Основна намена на лабораторијата е за:

        -        научно истражувачка работа од областа на процесирање на сигналите во телекомуникациите

       -        изведување на лабораториски вежби од предметите од додипломски и постдипломски студии на насоката Телекомуникации, односно новата студиска програма Телекомуникации и информациско инженерство 

        -        изработка на семинарски работи и проекти од предметите на додипломски и магистерски студии, дипломски работи, магистерски работи и докторски дисертации

        -        развојно-истражувачки проекти во соработка со стопанството

        -        развој на прототипови на нови телекомуникациски уреди во соработка со домашни и странски компании.

Многу важен аспект е изградбата на тестбед за безжични системи кој ќе овозможи имплементација на алгоритми за кодирање и пренос на сигнали во реално време. За таа цел се користи концептот на софтверски дефинирано радио (SDR). Со користење на трите платформи на SDR, со кои располага лабораторијата, можна е имплементација на повеќекориснички пристап (uplink), броадкаст (downlink), релејни системи и мрежни MIMO системи.

Една од основните цели на лабораторијата е подигнување на квалитетот на наставата и практичните знаења на студентите од студиските програми Телекомуникации и Телекомуникации и информациско инженерство. Делови од лабораторијата веќе се користат во наставата на додипломски, магистерски и докторски студии.

Истражувањата спроведени во Лабораторијата за процесирање на сигнали во телекомуникациите овозможуваат зголемување на нивото на технички познавања и конкурентност на компаниите кај кои дел од кадрите во текот на своето образование имале можност да работат со процесирање на сигнали во телекомуникациите. Оваа Лабораторија треба овозможува интензивирање на развојно-истражувачките активности во областа на процесирање на сигнали во телекомуникациите кај фирмите. Ова особено во контекст на активностите на Владата за примена на иновациите кај малите и средни претпријатија, како и за јакнење на претприемништвото. Можен е заеднички развој со фирми од приватниот сектор на различни алгоритми за кодирање и пренос на сигнали со примена во различни гранки од производствените и услужните дејности.Во соработка со поголеми странски компании можен е и развој и имплементација на прототипови на нови телекомуникациски уреди.

Лабораторијата за процесирање на сигнали во телекомуникациите располага со следната опрема:

3 платформи Sundance SDR KIT 3.0 (софтверски дефинирани примопредаватели)

 Sundance SDR KIT 3.0 претставува модуларна повеќепроцесорска платформа која овозможува развој на комплетен телекомуникациски систем, работа со сигналите во основен опсег.Секој систем се состои од комбинација од повеќе FPGA и DSP процесори. Со помош на адаптивен RF дел овозможен е лесен премин од една технологија во друга т.е. со промена на RF делот SDR уредот може да работи како WiMAX или LTE. Лабораторијата располага со 4 додатни примопредаватели за WiMAX и 3 додатни примопредаватели за MIMO-LTE.

         -        1 платформа Sundance VisionMAX 2

Sundance VisionMAX 2 е платформа наменета за процесирање на видео сигнали од повеќе камери. Во рамките на платформата постои посебен процесор оптимизиран за работа со видео, а дополнителна процесирачка моќ може да се добие со поставување на доплнителни TIM модули со FPGA и DSP процесори.  

         -        2 платформи DM6437 EVM

DM6437 EVM е платформа наменета за процесирање и пренос на видео сигнали која може да биде директно поврзана на PCI или да работи како засебен ентитет. Овозможува работа со видео сигнал од една видео камера, придружен со соодветен аудио сигнал. Поседува LAN интерфејс што ја прави платформата погодна за апликации кои бараат поголеми брзини за пренос и дистрибуирано процесирање.  

         -        8 платформи TMS320C6713

TMS320C6713 е DSP платформа со процесор со подвижна запирка. Идеална е за примена во едукативни цели поради едноставното програмирање. Овозможува развој на апликации за обработка и кодирање на говор и аудио. Применлива е за акустички комуникации и комуникации со мали симболски брзини. 

         -        4 платформи TMS320C6416

TMS320C6416 е DSP платформа со фиксна запирка. Погодна е за примена во едукативни цели и запознавање со програмирање на процесори со фиксна запирка, кои се најчесто применувани во телекомуникациските уреди поради нивната мала потрошувачка и поголема процесирачка моќ. Одлична е за акустички комуникации и системи со мали симболски брзини како и посложени операции врз говорни и аудио сигнали.

         -        3 персонални компјутери и соодветни монитори

Во рамките на лабораторијата постојат 3 персонални компјутери HP 6200P MT i32100 500G 2,0G 27 PC Europe со графички картички NVidia GF 310 DP (512) SH PCIe x16 и соодветни мониториSamsung 21,5'' Wide DVI HDMI VGA. На овие компјутери се изработуваат програмите за соодветните претходно споменати хардверски платформи. Покрај тоа на истите се извршуваат различни симулации кои се дел од научно-истражувачката дејност на луѓето кои работат во лабораторијата.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за електротехника и информациски технологии - Скопје 

Одговорен        вон. проф. Венцислав Кафеџиски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 30 99 120

                            +389 70 69 52 65

 

 

Лабораторија за обработка, анализа и складирање на податоци од областа на атомска и нуклеарна физика

ЛАбораторијата се состои од 2 Компјутерски сервери – секој со 8 процесори (Intel/AMD архитектура) секој процесор со по 8 јадра, работна фреквенција  2,6 GHZ, 64 GB RAM, 4x300 GB диск простор, 1 DVD, 2x1100W PSU, 4x10/100/1000 Ethernet ports, 5xUSB 2.0,во rack изведба, со Линукс 

Опремата се користи повеќе во рамките на магистерските и докторските студии во насока на пресметување со високи перформанси. Наставно-истражувачка активност е во насока на истражување на докторски студии во подрачјата на пресметување со високи перформанси и проектирање со јазици за опис на хардверот (HDL), додека апликативната дејност на опремата е во рамките на постојните компјутерски системи и се користи за студентскиот е-маил 

Остварени се контакти со субјекти од академските институции и стопанството кои се заинтересирани за соработка и користење на компјутерските системи на лабораторијата за изведување на масовни пресметки со високи перформанси.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за електротехника и информациски технологии - Скопје 

Одговорен        проф. д-р Аристотел Тентов

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 30 99 158

 

 

Лабораторија за учење на далечина

Основната примена на оваа лабораторија е можноста што ја нуди за учење на далечина, како и за соработка со други институции. Лабораторијата овозможува и нејзино интегрирање со други системи за учење, како системите за управување со содржини. Факултетот за туризам и угостителство веќе има направена инсталација, подесување, тестирање на опремата, како и спроведување на повеќе сесии на учење на далечина за потребите на дисперзираните студии, како и за потребите на остварување соработка со други институции од земјата и од странство.

Лабораторијта се користи за одржување настава на далечина на дисперзираните студии и комуникација со други партнер институции. Покрај основната намена, опремата се користи за унапредување на процесот на учење, како и за интеграција на можностите што ги дава оваа опрема со други системи за учење. Покрај вработените на факултетот и студентите, корисници на оваа опрема се и други институции од високото образование, но и други државни и јавни институции кои имаат потреба од ваков вид на опрема.

Со лабораториската опрема може да се организираат работилници, конференции, истражувачки активности од областа на примената на видео конференциите и учењето на далечина во образованието. Овие можности факултетот ги користи самостојно, но и во соработка со други високообразовни институции

Можностите на опремата се доградени со инсталација на дополнителен софтвер управување со содржини за учење кој се користи од страна на наставниот кадар на факултетот и студентите, како и поканети предавачи од странство и партнер институции со кои факултетот има соработка.

Установа:           УКЛО

Подносител:       Факултет за туризам и угостителство - Охрид

Одговорен        проф. д-р Цветко Андреески

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

                            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (46) 26 21 47

                            +389 (46) 26 22 76

 

Лабораторија за дигитални видеосистеми

Лабораторијата е наменета за вршење научни истражувања во областа на дигиталните видеосистеми, како и за апликативни истражувања од истата област за кои компаниите – корисници на резултатите ќе покажат интерес. Нејзината намена е и за едукациски цели во насока на подобрување на наставата на додипломски и постдипломски студии.

Лабораторијата се користи за вршење научни истражувања во областа на дигиталните видеосистеми, поконкретно во областите кодирање и компресија на слики и видео, естимација на перцептуален квалитет, суперрезолуција, анализа на слика и други. Истовремено, во неа се вршат и апликативни истражувања поврзани со дигиталната телевизија и процесирање на видео на мобилни платформи. Лабораторијата се користи и за едукациски цели, за изведување на лабораториски вежби по предметите дигитална обработка на слика, телевизија и видеокомпресија во склоп на наставата на додипломски студии, и предметите мултимедиски системи, компресија на слика и видео, процесирање и анализа на слика во склоп на наставата на постдипломски студии.

Во лабораторијата можат да се изведуваат истражувачки и апликативни проекти во следните области:

 

Дигитално процесирање на слика и видео:

-        Реставрација на слика и видео.

-        Суперрезолуциски алгоритми за слика и видео.

-        Реконструкција на 3Dсцена од слика и од видеосеквенција.

-        Дигитално водено означување.

 

Кодирање на дигитална слика и видео:

-        Стандарди за кодирање на слика и видео(H.264 AVC/MPEG 4 Part 10, HEVC).

-        Алгоритми за кодирање на слика и видео.

-        Естимација на движење.

-        Употреба на 3Dмоделирање во видеокомпресија.

-        3D-ТВ и Ultra-HD.

-        Интерактивна ТВ

 

Анализа на слика и видео:

-        Пребарување на слика и видео по содржина.

-        Препознавање на контекст во дигитална слика и видео.

-        Детекција и препознавање на објекти во дигитална слика и видео.

-        Дигитални системи за видеонадзор

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за електротехника и информациски технологии - Скопје 

Одговорен        доц. д-р Зоран Ивановски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 30 99 103

                           +389 75 45 83 33

 

Лабораторија за мобилни и мултимедиски апликации

Лабораторијата за мобилни и мултимедијални апликации е основана во мај 2012 година со опрема донирана од Владата на Република Македонија. Лабораторијата располага со најсовремена опрема за видео конференции и развој на мобилни решенија - конференциски систем за предавална, систем за снимање и стриминг на видеоконферении, централен систем за управување со видео конфернција, видео медиа систем, мултимедиски работни станици, напредни развојни плочки за вградливи системи, отворени безжични системи, RFID опрема мобилни сензор.

Лабораторијата, покрај за научно-истражувачката дејност на Факултетот, се користи и за опслужување на вежбите на предметите Мобилни информациони системи, Вградливи компјутерски компоненти, Мобилни и веб сервис, Колаборативни компјутерски системи, но истата може да ја користат сите вработени и студенти на ФИНКИ. 

 Во прилог, листа на проекти во кои лабораторијата била инволвирана:

     -   Подобрување на квалитетот на електронското учење во високото образование во земјите од Западен Балкан (DL@WEB) (511126-TEMPUS-1-2010-1-RS-TEMPUS-SMGR) 

     -   Алгоритми за препораки базирани на колаборативно филтрирање и нивна примена во здравствената нега (RA-CF-HC)

     -   Video Conferencing Educational Services – ViCES Видео конференциски едукациски сервиси (144650-TEMPUS-2008-IT-JPGR)

     -   Колаборативен модел за мобилен систем за справување на зголемено ниво на шекер во крвта (COMOS)

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје 

Одговорен        проф. д-р Владимир Трајковиќ

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   

Tелефон:            +389 (02) 30 70 377

 

 

Компјутерска лабораторија за теориска хемија

  
Установа:           УКИМ

Подносител:       Природно-математички факултет, Институт за хемија - Скопје

Одговорен        проф. д-р Љупчо Пејов

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 49 908

 

 

Лабораторија за интелигентна роботика

 

 

Лабораторија за интернет и иновативни технологии

Во рамки на оваа лабораторија се изведуваат испитувања за пресметувања во cloud computing, и во изминатиов период изведени се огромен број на експерименти и за тоа се публикувани 51 труд во референцирани списанија и зборници, и презентирани и публикувани уште 39 трудови во меѓународни списанија и конференции. 

Набавената опрема се состои од серверска конфигурација од три сервери, 10 компјутери кои се конфигурираат за потребите на пресметување во облак, пет компјутери работни станици и повеќе модели на мобилни смарт уреди и таблети. Целата набавена опрема е во функција на лабораторијата и таа продолжува да изведува научно истражувачка работа од областа на пресметување во облаци и сродни иновативни интернет технологии.

Треба да се напомене дека еден од трудовите е прогласен за најдобар на врвна конференеција IEEE EDUCON што се одржи во Берлин во 2013 година - http://www.educon-conference.org/educon2013/

На веб сајтот на лабораторијата http://liit.finki.ukim.mk можете да ги најдете сите информации за активностите кои се преземаат, проектите и истражувањата кои се изведуваат, како и кои се учесниците.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје 

Одговорен        проф. д-р Марјан Гушев

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.    

Tелефон:            +389 (02) 30 70 377

                            +389 70 20 57 37

 

Лабораторија за напредни веб-технологии

Лабораторијата се користи за изведување на лабораториски вежби по неколку предмети од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство. Исто така во неа работата магистранти и докторанти. До сега реализирани се повеќе проекти кои се финансирани од домашни и странски фондови. Во рамките на работата на лабораторијата развиени се неколку веб апликции и неколку мобилни апликации.
Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје 

Одговорен        проф. д-р Димитар Трајанов

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   

Tелефон:            +389 (02) 30 70 377

                            +389 76 25 72 75

 

 

Компјутерска лабораторија

Во рамките на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, УКИМ во Скопје, постојат поголем број лаборатории, за кои е потребна најсовремена, стабилна и безбедна информатичка- комуникациска опрема за подобра комуникација, автоматска обработка на податоци, презентација на резултатите од истражувањата и полесен достап до информации и податоци, заштедувајќи време и потрошен материјал и достапност на информациите до пошироката јавност.

Водејќи се од стратегија на Владата на Република Македонија за развојот на научно-истражувачката работа и програмата за опремување на лаборатории со цел зајакнување на научно-истражувачката и апликативната инфраструктура на државните високообразовни и јавните научни установи, се опреми–компјутерска лабораторија достапна за студентите, професорите и другите вработени на Факултетот.

Компјутерската лабораторија е достапна за поголем број на клиенти (студенти, професори, асистенти, лаборанти, истражувачи и др.). Опремата е исто така достапна за јавните високообразовни установи и јавни научни установи; приватни високообразовни установи и приватни научни установи; физички лица и фирми.

Компјутерската лабораторија  се користи за:

-        Настава на студенти.

-        Научно-истражувачка работа со користење на е-библиотеки и податоци достапни на Интернет, или пак со користење на специфичен софтвер за обработка на голем број на податоци за потребите на истражувачите.

-        При упис на нови студенти (IKNOW). 

-        Користење на веб апликацијата IKNOW од страна на студентите и вработените

-        Користење од страна на странски студенти и наставници при престој во РМ, како и се користи за потребите на проектите на Факултетот.

-        Потребите од ИТ опрема при организирање и подготовка на материјали за симпозиуми, конференции, работилници, настава и др. активности.

-        Обезбедување стабилни ИТ сервиси (Активен именик и контролер на домен, ДНС, е-пошта, интранет и интернет сервиси, бази на податоци, веб портали, општи сервиси за мрежно работење) во рамките на Факултетот, а со тоа и лабораториите на ФЗНХ.

-        Комуникација на студенти со користење на мрежните сервиси.

-        Изработка на семинарски, дипломски, магистерски трудови.

-        Обука на студенти и вработени.

-        Обука на наставно-научен кадар за користење на определени софтверски апликации

-        Интернет и интранет сервиси, бази на податоци, од страна на студенти и вработени или пак студенти/посетители истражувачи од други Факултети и Универзитети.

За да се обезбедат контуирани и стабилни информатичко-комуникациски технолошки (ИКТ) сервиси, набавен е сервер IBM System x3650 M3, со моќни карактеристики, кој се карактеризира со висока брзина на процесирање од два процесора со повеќе јадра Intel Xeon CPU, со 12 МБ кеш меморија; 4 мрежни адаптери, кои обезбедуваат гигабитна мрежна комуникација, а со тоа и побрзо мрежно работење што е од голема важност поради бројноста на корисниците, и обемот на податоците за кои има потреба да се трансферираат или пак да се складираат.

Исто така, поради добрите хардверски карактеристики на серверот, направена е виртуелизација на серверот, па така на една хардверска машина се овозможува работа на повеќе виртуелни сервери и така се заштедува на хардверот кој е потребен за повеќе наменски сервери кои се неопходни за следните ИТ сервиси: Интернет пристап, ДНС, Активен именик и контролер на домен, делење на податоци и принтери, односно мрежно споделување на податоци - share, пристап до бази на податоци и апликации, Веб апликации и други интранет и Интернет сервиси.

Серверот, покрај брзината на процесирање на податоците се карактеризира и со стабилност, доверливост и континуираност во работата, кој што е сместен во серверски орман-рак, заедно со мрежна опрема и уредот за непрекинато напојување-УПС.

Исто така, за да се обезбеди континуитет и подолготрајност и истрајност на серверската опрема набавен е уред за непрекинато напојување со електрична енергија – УПС наменет за серверската просторија.

Во компјутерската лабораторија инсталирани се 20 моќни работни станици.

Компјутерите се карактеризираат со висока брзина на процесирање од повеќејадрен процесор Intel Core i5, кој во добар склад со инсталираната работна меморија и просторноста и брзината на хард дискот, овозможуваат непречена, континуирана, стабилна, доверлива, точна, достапна и брза работа со најразлични типови на документи и апликации кои се од битно значење за клиентите, кои  за многу пократко време можат да обработат и складираат податоци (текст, видео, музика, слики, и сл.). поради добрите перформанси и горенаведените карактеристики клиентите заштедуваат многу време и добиваат подобри услови и ресурси за работа, а со тоа и подобри резултати.

Компјутерите се опремени со ДВД уред за складирање на податоците, како би можеле корисниците да ги зачувуваат документите на надворешна меморија и за користење на бекап од работните документи.

Исто така, со користење на надворешна УСБ меморија корисниците можат да зачувуваат податоци и да ги користат во реално време.

Компјутерите се поврзани на централен сервер (виртуелен сервер) кој е инсталиран на хардверскиот сервер и на тој начин се овозможува комуникација сервер-клиент, па така се управуваат компјутерите полесно од една локација, како и се обезбедува сигурност и безбедност при користењето на ИТ сервисите од страна на корисниците во рамките на доменот.

На тој начин, се овозможи клиентот да добие сигурен и безбеден простор за податоците.

Современата академска работа е зависна од достапноста на новите истражувачки резултати, како што е анализата на искуствата на другите земји. Новите податоци се објавуваат секој дневно. Затоа е неопходно, истражувачите и студентите да бидат опремени и оспособени за пристап на научно-истражувачките информации и резултати во најкусо време со користење на интернет глобалната мрежа, но истовремена оспособеност за брза и методолошко базирана обработка, анализа и презентација на резултатите од сопствената научно-истражувачка работа и анализа на искуствата од другите земји.

Со имплементирањето на оваа лабораторија се обезбедува можност за  компатибилност и комуникација со другите држави, спремност за произведување кадар способен за современа научна-истражувачка работа, зголемување на продуктивноста во истражувачката работа, оспособување на истражувачкиот кадар за брзо одлучување и предлагање на одлуки, обезбедување интерактивна настава со користење на модерната информатичка технологија како наставна алатка за обука на идните кадри, модернизација на ИТ сервисите што ги користат студентите и вработените, а со тоа и подобро функционирање на Факултетот.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје

Одговорен        Ива Максимовска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 70 77 87 93

 

 

Лабораторија за софтверско инженерство, надежност, квалитет и тестирање на софтверски системи

Софтверското инженерстово претставува систематски и организиран пристап кон развојот на софтвер. Се однесува на принципите и праксите во компјутерските науки и инженерство за креирање, управување и одржување на софтверски системи.

Во САД, согласно Бирото за труд,софтверските инженери ќе бидат најбараната работна сила во следните 10 години. Слична е ситуацијата и во Европа и Азија.

Изучувањето на софтверското инженерство бара соодветна хардверско  - софтверска опрема. Овозможувањето на постоење на лабораториски услови за развој, поставување, тестирање и одржување на софтвер на студентите ќе им овозможи увид во реалните проблеми со кои ќе бидат соочени по нивното завршување на студиите.

Лабораторијата има и големо истражувачко значење, бидејки со нејзина помош се развиваат, тестираат и унапредуваат нови пристапи кон решавање на проблемите во оваа област, а се користи и како тест платформа за развој на софтверски решенија за потребите на останатите факултети и институти од Универзитетот.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Природно-математички факултет - Скопје

Одговорен        проф. д-р Катерина Здравкова

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 49 999

                            +389 (02) 31 19 279

 

 

Лабораторија за мобилно и сеприсутно семантичко искуство

Лабораторијата за мобилно и сеприсутно семантичко искуство  е наменета за развојни и апликативни проекти од областите за електронско гласање, системи за управување со изборни процеси, системи за електронско тестирање и електронско учење, системи за електронска трговија, електронски анкети и јавно мислење, мобилни апликации, сигурни електронски и мобилни плаќања.  Во неа работат истражувачи кои веќе се проектно ангажирани од јавни, меѓународни институции и компании во светот. Лабораторијата ја користаат тимот од ФИНКИ, докторанти, магистранти, како и студенти од додипломски студии за дипломски, проекти и вежби. Отворена е за соработка и со бизнис секторот. Покрај опремата, битно е  дека нуди стручни лица во областа каде работи. Лабораторијата за мобилно и сеприсутно семантичко искуство е опремена со компјутерски работни станици, сервер, мобилни телефони со различни оперативни системи, екрани на допир, системи за индентификација и контрола на пристап, и уреди за определување на локација преку безжична мрежа.
Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје 

Одговорен        проф. д-р Љупчо Антовски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   

Tелефон:            +389 (02) 30 70 377

                            +389 70 36 90 09