Warning: include_once(J_TEMPLATEDIR/includes/frame_inc.php): failed to open stream: No such file or directory in C:\xampp\htdocs\naukamk\templates\sj_plus\component.php on line 15

Warning: include_once(): Failed opening 'J_TEMPLATEDIR/includes/frame_inc.php' for inclusion (include_path='.;C:\xampp\php\PEAR') in C:\xampp\htdocs\naukamk\templates\sj_plus\component.php on line 15
Конкурс за распределба на средства за финансирање на организација на научни собири за 2016 година
Warning: include_once(J_TEMPLATEDIR/includes/head.php): failed to open stream: No such file or directory in C:\xampp\htdocs\naukamk\templates\sj_plus\component.php on line 29

Warning: include_once(): Failed opening 'J_TEMPLATEDIR/includes/head.php' for inclusion (include_path='.;C:\xampp\php\PEAR') in C:\xampp\htdocs\naukamk\templates\sj_plus\component.php on line 29

Конкурс за распределба на средства за финансирање на организација на научни собири за 2016 година

Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/2008, 103/2008, 80/2012, 24/2013, 147/2013, 41/2014,145/15 и 154/15 ), член 3 од

Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/2013) Министерството за образование и наука распишува:

КОНКУРС
за распределба на средства за финансирање на организација на научни собири за 2016 година

1. Министерството за образование и наука со овој конкурс распределува средства за организација на научни собири во 2016 година.

2. Организацијата на научните собири се финансира по доставување на следната документација:

 пополнета пријава 
 одлука од организаторот за одржување на научен собир;
 одлука за печатење на зборникот на трудови од научниот собир 
 програма за работа на научниот собир.

3. Организаторот на научниот собир е должен да ја достави бараната документација согласно точка 2 од овој конкурс.

4. Право на доделување на финансиски средства за организација на научни собири имаат државните и приватните универзитети - во нивните единици насочени кон наука (начни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети), Македонската академија на науките и уметностите, самостојните државни високообразовни установи, самостојните приватни високообразовни установи, јавните научни установи, мешовитите научни установи, приватните научни установи и самостојните истражувачи, по пат на јавен конкурс.

5. Средствата кои се доделуваат за организација на научни собири се пресметуваат во зависност од бројот на учесниците на научниот собир и расположливите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.

6. Државните и приватните универзитети - во нивните единици насочени кон наука (начни институти) и во единиците насочени кон образование засновано на наука (факултети), Македонската академија на науките и уметностите, самостојните државни високообразовни установи, самостојните приватни високообразовни установи, јавните научни установи, мешовитите научни установи, приватните научни установи и самостојните истражувачи, пријавите и документите наведени во точка 2 ги доставуваат на следната адреса или во архивата на:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и технолошко-технички развој
бул. „Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје


7. Конкурсот започнува од 22.02.2016 и ќе трае заклучно со 20.11.2016 година.

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Македонија, лица за контакт:

Живко Колчакоски канцеларија 1406, тел. 076-485-046 и
Катерина Стефковска канцеларија 1406, тел. 076-485-047