Тел:   +389 2 3117 896
Факс: +389 2 3118 414
Е-пошта: contact@mon.gov.mk

Конкурс за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Словенија за периодот 2017-2018 година

Врз основа на Спогодбата за научна и технолошка соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија од 24.12.1993 година и Законот за научно-

истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/14, 154/15, 30/16 и 53/16), Министерството за образование и наука на Република Македонија, распишува

 


КОНКУРС
за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Словенија за периодот 2017-2018 година

 

Министерството за образование и наука на Република Македонија ќе кофинансира билатерални проекти во соработка со Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија, за периодот 2017 - 2018 година, односно од 01.01.2017 година до 31.12.2018 година.

 

Ќе се финансираат билатерални проекти од областа на медицински науки и здравство, техничко-технолошки науки, природно-математички науки, биотехнички науки, општествени науки и хуманистички науки.

 

Билатералните проекти се со времетраење од две години.
Цел на конкурсот е зајакнување на научно-истражувачката соработка меѓу Република Македонија и Република Словенија, зголемување на мобилноста на македонските истражувачи, усовршување на младите научно-истражувачки кадри, како и поголема ангажираност на македонските и словенечките истражувачи на повиците на рамковните програми на Европската унија на подрачјето на истражување и развој.
Словенечката страна ќе ги финансира престоите во Република Словенија од 1-3 месеци за младите истражувачи учесници во проектите и дополнително ќе ги обезбедува нивните патни трошоци.

 

I. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА БИЛАТЕРАЛНИТЕ ПРОЕКТИ

 

Право на учество на Конкурсот за добивање на средства за реализација на билатералните проекти имаат државните универзитети со нивните единици насочени кон образование и наука (факултети и институти), јавните научни установи, мешовити научни установи, приватни високообразовни установи, приватни научни установи, самостојни истражувачи, МАНУ и научни центри на извонредност.

 

Пријавените билатерални проекти ќе ги оценуваат независни рецензенти кои ги избира Министерството за образование и наука врз основа на Јавен оглас. Избраните рецензенти, пријавените билатерални проекти ќе ги оценуваат по следните критериуми:
- придонес во продлабочувањето и проширувањето на научните знаења;
- оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;
- компетентност на главниот истражувач;
- компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;
- придонесот во оспособувањето на млади истражувачи;
- релевантноста на проектот на целите на истражувањето;
- конкурентноста за меѓународна соработка;
- остварливоста на предлог проектот (финансиска конструкција), можности за примена на резултатите.

 

Секој од наведените критериуми независните рецензенти го вреднуваат со оценка од еден (1) до пет (5). Проектот е позитивно оценет доколку добил средна оценка најмалку 3,5.

 

Конечната листа на избраните билатерални проекти ја носи Заедничкиот одбор за научна и технолошка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија, на Заедничко заседание кое ќе се одржи до крајот на 2016 година.

 

При одлучувањето предност ќе имаат главните истражувачи кои немаат одобрен проект на последниот Конкурс.

 

Решението за финансирање на билатералните проекти го донесува Министерот за образование и наука, по предлог на Заедничкиот одбор.

 

Решението за висина на средства за реализација на прифатените билатерални проекти, го донесува Министерот за образование и наука, врз основа на финансискиот план на Министерството, за 2017 година.

 

II. НАЧИН, РОК И МЕСТО НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Носителот на билатералниот проект, конкурира за добивање средства за реализација на проект со пополнување на Пријава за билатерален проект со Република Словенија на македонски, и на англиски јазик, (Образец ОБ-1), која е составен дел на овој Конкурс. Имено, кандидатите до Министерството за образование и наука потребно е да достават три пополнети и отпечатени примероци од Пријавата, односно Образецот ОБ-1, потпишани од главниот истражувач на проектот, учесниците во проектот како и од одговорното лице на установата носител на проектот. Исто така, Пријавата треба да биде заверена во архивата на установата носител на проектот.

 

Краен рок за доставување на пријавите е 15 јуни 2016 година.

 

Подетални информации за Конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј бр. 54 – Скопје, Сектор за наука и иновации, лице за контакт Билјана Василеска, на тел. 023140189, на мобилен телефон 076 485 044, или на е-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  и на веб страницата на Министерството за образование и наука (http://www.mon.gov.mk).

 

Лице за контакт во Република Словенија е Марјетка Приможич, на телефон (01) 400 5970, секој работен ден од 9 до 12 часот, или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Предлог - проектите што не се комплетни или не се доставени согласно конкурсниот рок, нема да бидат разгледувани.

 

Потребни документи