Тел:   +389 2 3117 896
Факс: +389 2 3118 414
Е-пошта: contact@mon.gov.mk

Лабораторија за мехатроника

Институтот за механика заедно со Одделот за математика од почетокот на учебната 2004/05 година отпочнаа проект за реализација на студиите по мехатроника. На самиот почеток беа запишани 30 студенти, за да во следните неколку години интересот се зголеми на околу 60 заинтересирани кандидати годишно. Во овој момент околу 120 студенти се запишани на студиите по мехатроника. Потребата од формирање на лабараторија за мехатроника се наметнува како императив не само за Машинскиот факултет, туку и за Владата на Република Македонија како приоритет од национална важност. Со влегувањето на мултинационалните компании како што се Johnson Controls и Johnson Matthey, потребата од едуцирање на мехатронички инжинери е огромна. Главна цел на лабораторијата за мехатроника е едукативна. Истата има повеќе намени:

-        Едукација на студенти.

-        Развој на иновативни производи во индустријата.

-        Тренинг на професионалци од мали и средни претпријатија.

 

Лабораторијата има и апликативност за научно-истражувачки и практични цели:

-        Одржување лабораториски вежби во прв и втор циклус на студии.

-        Експериментално истражување при изготвување на дипломски и магистерски работи.

-        Експериментално истражување при изготвување на докторски тези.

-        Вклучување на хардверот и софтверот во изготвување на апликации за домашни и меѓународни проекти.

-        Експериментално истражување и подршка на индустријата, како и обука на кадри вработени во индустријата.

 

Главни целни области и приоритети на лабораторијата се:

-        Анализа на линеарни системи.

-        Примената оптимизација и оптимално управување.

-        Моделирање и симулација на мехатронички системи.

-        Динамика и управување на мехатронички системи.

           -        Анализа, моделирање и управување на роботски системи. 

Установа:           УКИМ

Подносител:       Машински факултет - Скопје   

Одговорен        проф. д-р. Христијан Мицкоски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   

Tелефон:            +389 (02) 30 99 436

 

Лабораторија за пресметување со високи перформанси

Лабораторијата за пресметување со високи перформанси претставува моќен компјутерски систем кој има за цел да овозможи паралелно извршување на компјутерски пресметки, пред се симулации и оптимизации. Паралелното извршување на пресметките овозможува значително забрзување на истражувањата, како и зголемена прецизност на истите. Лабораторијата располага со 1008 физички процесирачки јадра (CPU Cores), како и 2016 логички процесирачки јадра, 2TB дистрибуирана меморија, како и 30TB складирачки простор со големи перформанси. Сето тоа е поставено на 84 блејд сервери, меѓусебно поврзани со специјализирана мрежа за комунијација со голем проток и мала латентност. Така дизајнираниот систем има за цел да овозможи големо ниво на паралелизам при пресметките.

Лабораторијата овозможува пристап на сите истражувачи чии истражувања побаруваат пресметувања со високи перформанси.

ЛАбораторијата може да се користи за сите научни и апликативни истражувања кои имаат потреба од пресметување со високи перформанси, како на пример: симулации кај пресметковна физика и хемија, науки за земјата (сеизмологија, геофизика), градежништво (земјотресно инженерство), динамика на флуиди, метеорологија, хидрологија, фармација и информатика. Апликативни проекти кои можат да ја користат лабораторијата претставуваат проектите поврзани со компјутерска графика, оптимизација и апликативни проекти кои имаат побарувања од фундаментални истражувања поврзани со големи пресметувања, како фармацијата.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје 

Одговорен        проф. д-р. Боро Јакимовски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 30 70 377

                            +389 70 32 87 18

 

Лабораторија за геотехника

Примена на лабораторијатае фокусирана на испитување на природни материјали (почви и карпи) како средина за фундирање. Лабораторијта се користи за научни цели, настава и апликативни проети со стопанство. Оваа опрема, може да се ги идентификува следните научно-практични проблеми:

-        истражување на теренот за дефинирање на условите за градба;

-        проблеми поврзани со стабилност на теренот (свлечишта, одронување и др.);

-        искористување на подземните води, услови за нивно загадување и др.;

-        носивост на теренот;

-        однесување на теренот и објектот при динамички услови (земјотресни и други влијанија);

                       -        примена на вештачки материјали за зајакнување на теренот, взаемно влијание на теренот и објектите и друго. 

Установа:           УКИМ

Подносител:       Градежен факултет - Скопје  

Одговорен        проф. д-р. Милорад Јовановски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   

Tелефон:            +389 (02) 31 16 066

 

Лабораторија за санитарна техника

Во светските рамки а и во Европската Унија се позначајен ресурс во економскиот развојот на земјите, претставува чистата вода за пиење. Нашата Држава, како земја која се стреми кон членство во Европската Унија има доволни количини на површинска и подземна вода со доста добар квалитет.

Катедрата за водоснабдување, канализации и мелиорации на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје преку едукација на студентите од прв, втор и трет циклус на студии, како и со активното учество во апликативната дејносст, дава значаен допринос во рационалното користење на чистата водата за потребите на населението и индустријата, но исто така и за нејзина заштита од емисии на штетни загадувачки материи, како например: отпадни води од населението, индустријата и друго. Едукацијата на студентите и апликативната дејност, по однос на рационално користење на чистата вода, како и заштитата на водите од загадување, без соодветна лабараторија за испитување на квалитетот на водата е незамислива.

Катедрата за водоснабдување, канализации и мелиорации при Градежниот факултет во Скопје располага со лабораторија по санитарна техника која се наоѓа на приземје во Градежниот факултет и има корисна површина од 80 m2. Преку „Проектот – Опремување на лаборатории за научно истражувачка и апликативна дејност,“ катедрата за водоснабдување, канализации и мелиорации при Градежниот факултет во Скопје доби најсовремена опрема за квалитетот на водата која се користи во санитарната хидротехника во светски рамки.

Голем дел од добиената опрема е мобилна (portable), со која на брз и едноставен начин во лабораторија но и на на самото место каде се зема примерокот, може да се направат комплетни анализи на квалитетот на водата за пиење, како и квалитетот и количината на отпадните води во канализационите системи. Како позначајни параметри кои може да се анализираат се:

            -        Континуирани мерења на варијациите на количина и на квалитет на канализациони колектори и испусти,

            -        Анализа на инфилтрација на подземни води и атмосверски води во канализационите системи за фекални води,

            -        Континуиран мониторинг на проток на гравитациони и потисни цевководи,

      Со мобилните (рачни) мерачи на брз и едноставен начин на „лице“ место може да се анализираат повеќе параметри за квалитет на водата, како: матност на водата , хемиската потрошувачка на кислород (ХПК), биолошката потрошувачка на кислород (БПК), колориметриска анализа, pH на водата, кондуктивност на вода, мерење на кислородот во водата, анализа на растворен кислород во водата, анализа на суспендирани материи и др.

Опремата се користи за едукација на студентите од комуналната хидротехника во прв, втор и трет циклус на студии, како и за научноистражувачка и апликативна дејност на факултетот. Ваквата опрема на младите истражувачи ќе им овозможи огромни можности во нивните научни достигнувања од областа на комуналната хидротехника, а со самото тоа ќе се овозможи и соработка со врни светски научни институции, објавување на резултати од истражувањата во познати светски списанија и публикации, учество на меѓународни научно истражувачки проекти и др.

Лабараториската опрема која е добиена има голем значај и при апликативната дејност на факултетот со стопанството во Република Македонија. Посебно тука треба да се истакне значајот на опремата во делот на заштитата на животната средина од аспект на испуштање на отпадните води, како и реконструкцијата на канализационите системи за фекални води, односно намалување на инфилтрационите и атмосверските води во нив. Со мерењето на количината и квалитетот на отпадните води во еден континуитет од повеќе денови, недели и месеци ќе помогне во носење на соодветни предлози и одлуки за градење на оптимални системи за одведување и пречистување на отпадни води. Додека со континуиран мониторинг на водоснабдителните системи ќе се овозможи намалување на техничките загуби на вода во прифатливи граници.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Градежен факултет - Скопје  

Одговорен        проф. д-р. Петко Пеливановски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 31 16 066

 

Лабораторија за тестирање на градежни материјали, геомеханика и градежни конструкции

Лабораторијата за градежни материјали е составен дел на Факултет за апликативни науки при ДржавниотУниверзитет во Тетово, оформена за едукативна, истражувачка и апликативнадејност.

Со отворањето на комплетно новата лабораторијата за градежни материјали какопрва лабораторија од овој тип се даде голем придонес во унапредување на едукатвниот процес во I и II циклус на настава при Универзитетот.Истражувачката дејност е насочена кон постојан развој и подобрување наквалитетот и технологијата на градежните материјали и градбата во општо,истотака составување на нови современи материјали.

Лабораторијатасекористизаиспитување на физичките својства на градежните материјали имеханичките својства на агреагатот, цементот, малтерот и бетонот со цел одржување на квалитетна редовна настава во лабораториски услови, одржување напрактичната настава предвидена во целиот V-ти семестер и разни научно –истражувачки цели и развој на кадри.

Со акредититацијата на истата ќе се овозможи и контрола на квалитетот на градежните материјали и градбите во регионот, надзор и супервизија над процесотна градбата при што би се вклучеле и студентите, развој и унапредување наматеријалите кои се произведуваат од локалните производители и пошироко ворегионот.

Лабораторијата може да извршува проекти за следење и проценка на квалитетот на градежните материјали и процесот на градбата. Со својата модернаопрема може да се испитува бетонот и неговите состојки како посебни, а восоработка со другите регионални лаборатории може да се испитуваат и останатитематеријали.

Установа:           ДУТ

Подносител:       ДУТ - Градежно инженерство - Тетово

Одговорен        м-р. спец. Рагип Хадри

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   

Tелефон:            +389 (44) 35 65 00

                            +389 71 39 65 01

 

Лабораторија за вибрации и бучава

Влијанието на вибрациите и бучавата врз животната околина и врз здравјето и безбедноста на луѓето станува се поактуелна тема во Европа и во светот. Многу научно-истражувачки институции ширум светот се ангажирани за оцена на ефектите од вибрациите и бучавата и мерките за намалување на нивното штетно влијание, а како резултат на тоа се воспоставуваат нови стандарди и законски регулативи.

Исто така, тестирањето на производите и компоненти на реални услови, подразбираат и нивно тестирање на вибрации и удар. Научно-истражувачката работа на ова поле, како и постапката за развој и подобрување на производи, подразбира  лабораториски испитувања и мерења со софистицирана опрема. 

Имајки ја предвид стратешката определба на Република Македонија за евроинтеграција и обврските кои ќе следат во процесот на зачленување, формирањето на лабараторијата за вибрации и бучава се наметнува како реална потреба. Лабораторијата има позитивен ефект не само врз примената на Европските директиви туку и врз позиционирањето на научно-истражувачката работа од Република Македонија во европските и светските трендови.

 

Намена на лабораторијата e повеќенаменска:

-          научно-истражувачка работа

-          тестирање и развој на производи

-          едукација на студенти

-          тренинг на професионалци од мали и средни претпријатија

-          вклучување во научно истражувачките проекти финансирани од ЕУ

 

Апликативност за научноистражувачки и практични цели:

-        Предвидената опрема, како и досегашното искуство во оваа област на кадарот од Институтот за механика, овозможува вклучување во меѓународни научно-истражувачки проекти од областа на вибрациите и бучавата.

-     Единственоста на оваа опрема во регионот, покрај научно-истражувачката активност, овозможува и развој на соработка со стопанството во полето на тестирање на производи на вибрации и удар и развој на уреди за намалување на штетноста од вибрациите и буката.

      -         Потребата од задоволување на европските регулативи од областа на заштитата на човековото здравје од влијанието на механички загадувачи (вибрации и бука), овозможува лабораторијата да најде примена во мерење на вибрациите на човековото тело, процена на ризиците по човекот, како и при тренинг и едукација на студенти и професионалци од мали и средни претпријатија. 

Установа:           УКИМ

Подносител:       Машински факултет - Скопје   

Одговорен        проф. д-р. Виктор Гавриловски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   

Tелефон:            +389 (02) 30 99 437

Лабораторија за сообраќај и транспорт

Oбразувањето на сообраќајно-транспортни професионалци на линија со меѓународно признати норми и стандарди претставуваше главниот мотив за основање на современа лабораторија со одржлива софтверска и информатичка опрема.

На Технички факултет – Битола се отвори Лабораторија за Сообраќај и транспорт (2012 год.) којашто се состои од: десет (10) моќни работни станици на коишто е инсталирана софтверската Програма за симулација на сообраќајни незгоди - PC-Crash 8.2Expert3D (A Program for the Simulation of Car Accidents - PC-Crash) (од Владата на РМ), стручна библиотека, наставни помагала.

Досегашните лиценцирани софтверски пакети за: микро и макросимулации на сообраќајните токови (PTV Vision – VISSIM & VISUM), анализа на перформансите на крстосници (SIDRA), анализа на трошоци и добивки за транспортните корисници (TUBA), проектирање на паркиралишта (ParkCad) (пред добивање на Лабораторијата), исто така се инсталираа на работните станици.

Главната целна група се однесува на студентите кои се заинтересирани за сите три циклуса на високо образование во полето на сообраќајот и транспортот. Во таа смисла, потребите и интересите на ТФБ се дефинирани како:

-        Добивање најново, добро управувано знаење низ студиската програма според високи образовни меѓународно признати стандарди 

-      Добивање мултимодално во перспектива, мултидисциплинарно во приодот и мултисекторско во примената на сообраќајно-транспортното инженерство

-    Оспособеност за примена на техниките на инженерството, на урбаното и регионалното планирање, на управувањето, на економијата и на останатите дисциплини во решавање на сообраќајно-транспортните проблеми применувајќи информатичка опрема

-        Добивање водечка улога во интерпретацијата на човечките транспортни потреби и желби кон другите професии

-        Подготвеност за пазарот на труд и за меѓуинституционална подвижност во рамките на земјата, во регионот и во странство.

 

Лабораторијата се користи за:

-    Настава на прв, втор и трет циклус на академски и стручни студии (механика на удари и судари, планирање на сообраќајот, автоматска обработка на податоци, микро и макросимулации во сообраќајот, интелигентни транспортни системи)

-     Истражувања од областа на безбедноста и управувањето на сообраќајот, особено во рамките на вториот циклус (академски и специјалистички студии) и на третиот циклус на студии.

-     Соработка со приватни/државни компании од областа на сообраќајното проектирање и на вештачења на сообраќајни незгоди.

 

Лабораторијата може да врши научно истражувачки и апликативни проекти:

-        Истражување и проектирање на нови симулациски модели за анализа и обработка на податоците од сообраќајни незгоди

-        Проектирање адаптивни системи за контрола на сообраќајот

-        Анализа и реконструкција на сообраќајните незгоди

-        Симулации на сообраќајни незгоди со различни учесници и за разни видови незгоди

-        Добивање наоди, стручни мислења и експертизи на сообраќајни незгоди

-        Одржување на кратки курсеви за вршење експертизи и реконструкции на сообраќајни незгоди

-        Специјализација во доменот на експертиза на сообраќајните незгоди Проектирање на акциски програми за подобрување на   безбедноста во сообраќајот

-        Сообраќајно проектирање 

-        Микросимулации и макросимулации на сообраќајните токови како основа за изработка на сообраќајни студии и проекти

-        Економски анализи во транспортот

 

Лабораторијата за Сообраќај и транспорт соработува со следниве научни институции и потенцијални корисници на Лабораторијата:

-        Универзитет Загреб, Факултет за сообраќајни науки - Загреб

-        Универзитет Љубљана, Факултет за градежништво и геодезија, Институт за сообраќајна техника - Љубљана

-        Универзитет Марибор, Факултет за градежништво – Марибор

-        УКИМ, Машински факултет – Скопје

-        Универзитет во Нови Сад, Технички факултет – Нови Сад

-        Универзитет во Белград, Сообраќаен факултет – Белград

-        Заводи за вештачење во МК

-        Локални самоуправи во МК

-        Консултантски фирми во МК

-        Судови во МК

-        Агенции за вештачења во МК

       -        Истражувачи (дипломци, магистранди, докторанди) (домашни и странски државјани)

Установа:           УКЛО

Подносител:       Технички факултет - Битола  

Одговорен        проф. д-р. Кристи Бомбол

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (47) 20 77 39

                            +389 70 61 50 57

 

Лабораторија за испитување на енергетска ефикасност на објекти

Во рамките на катедрата за техничка механика и јакост на материјалите формирана е лабораторијата за енергетска ефикасност. Нејзината цел е да ја збогати теоретската настава и да им овозможи на студентите нагледна и практична настава по наставните предмети од катедрата, како што се: градежни материјали, градежна физика и енергетска ефикасност на градежни објекти. Лабораторијата се користи и во научни цели, поточно за истражувања  неопходни за изработка на магистарски и докторски трудови.

Апликативната намена на лабораторијата е поврзана со барањата од градежните фирми за испитување на коефициентот на топлопроводност на изолационите материјали кои ги применуваат во градбата, како и за теренски мерења за остварена термичка и звучна изолација на веќе изведени објекти. За интензивирање на апликативната примена неопходно е да се спроведе постапка за акредитирање на лабораторијата и истото е веќе во план.

Лабораторијата е снабдена со инструменти и опрема потребни за извршување на испитувања на термохигрометриските и акустичните својства на материјалите и конструктивните елементи:

-        Инструмент за мерење на топлинска спроводливост – Инструментот е наменет за мерење на ниски и умерени топлински спроводливости на материјали кои служат за топлинска изолација, според стандардите ASTM –C177 и ISO 8302 (1991). Има температурен модул во опсег од -20оC до 100оC за испитување на примероци од материјали со големина од 300 mm х 300 mm. Поврзан е со сопствен компјутер со софтвер за читање, анализа и контрола на податоците.

-        Вакуум печка – за загревање на примероците од материјалите на определена температура, под соодветен притисок, со вклучена вакуум пумпа.

-        Инструмент за мерење на топлински флукс – Инструментот претставува систем за мерење на топлинскиот отпор, наменет за in situ мерења на изолационата моќ на обвивката на градежниот објект. Има два сензори за мерење на топлински флукс на две локации и четири термомерачи. Се одликува со голема точност.

-        Мерач на влага и температура – Инструмент кој служи за мерење на влажност во различни видови материјали, како и амбиентална влажност и температура.

         -        Мерач на ниво на звук – дата логер за мерење на ниво на звук, оспособен за аудио снимање и евидентирање на податоците во 1:1 и 1:3 октавен бенд. Опремен е со калибратор и софтвер за анализа на податоците.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Градежен факултет - Скопје  

Одговорен        проф. д-р. Тодорка Самарџиоска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   

Tелефон:            +389 (02) 31 16 066

Лабораторија за обликување со деформација и брзи прототипови

Лабораторијата за обликување со деформација и брзи прототиповиима примена за научноистражувачка и апликативна дејност.Имено, делот од испитување на механички карактеристики на материјали има примена во делот на научните истражувања за дефинирање на механички особини на сите видови на материјали, делот од брзи прототипови за дизајн на нови производи и нивни 3Д прототипови кои може да се испитаат во делот на нивната функционалност, а машините за инекционо бризгање за тестирање на алати за инекционо бризгање, како и за прозиводство на делови од пластика во мали серии.

Во рамките на лабораторијата досега се направени испитувања за неколку  магистерски и докторски дисертации. Во рамки на меѓународна конференција, научноистражувачки труд во кој се презентирани истражувања за механички особини на различни материјали кои се користат во ладни валавници, а испитувањата се направени во новата лабораторија, е награден за најдобар труд на меѓународната конференција.

Истовремено, лабораторијата има соработка со преставници на стопанството во делот на користење на машините за инекционо бризгање и тестирање на алати за изработка на пластични делови со инекционо бризгање.

Во делот на дизајн на нови производи и изработка на 3Д модели и брзи прототипови, лабораторијата се користи за изработка на модели со кои студентите и стопанствениците се преставуваат на меѓународни саеми како што се: Milano Design week, Beograd design fair, недела на дизајн организирана годишно во Куршумли Ан, соработка и истражувања со Универзитетот во Ахен со кој е креирана заедничка студсика програма.

Во рамките на лабораторијата може да се вршат испитувања на материјали  (метали, полимери, керамика, композити) со примена на современи методи на испитување на истегање, притисок, свиткување на 10 и 20 тонска испитна преса. Истовремно, во лабораторијата може да се дизајнираат нови производи и истите да бидат изработени во облик на протоипови во 3Д

Лабораторијата располага и со машина за инекционо бризгање (25 тонска), која е нумерички управувана и машина за екструзија на пластични маси и производство на цевки.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Машински факултет - Скопје   

Одговорен        проф. д-р. Атанас Кочов

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   

Tелефон:            +389 (02) 30 99 200

                            +389 76 49 94 99

 

Текстилна лабораторија

Научноистражувачката текстилна лабораторија е наменета за испитување на својствата на текстилните материјали и облека, оптимизација на  технолошките процеси, оценка на процесибилноста на текстилните материјали во технолошките процеси на конфекционирање и развој на  нови производи.

Компаниите од текстилниот сектор, кои сакат да ги постигнат спецификациите за квалитет, особено оние кои преминуваат кон повисоки форми на производство, од лон кон целосен пакет на услуги и сопствен дизајн, може да ја користат за лабораторијата за: 

-          карактеризација на суровини,

-          проверка на квалитетот на производите со спецификациите,

-          дизајнирање и инженериг на прототипови производи, 

-          испитувања на текстилни материјали според барањата на клиентите,

-          испитување на рекламации од купувачите.

 

Текстилната лабораторија се користи за научноистражувачка работа, едукација на студенти на додипломски и постидпломски студиии за реализација на различни видови испитувања на квалитет по барање на текстилнитата индустрија. Лабораторија е опремена со најсовремени инструменти за испитување текстилни материјали. Во неа може да се реализираат следниве области на испитувања:

-          Анализа на суровински состав,

-          Анализа на содржина на одрeдени примеси,

-          Испитување постојаност на текстилни материјали и облека при одржување и носење (перење, триење, вода, хемиско чистење, надворешни влијанија итн.),

-          Одредување отстапување во тонот и нијансата на боите во споредба со бараниот, и степен на белина на текстилни материјали,

-          Испитување физико-механички својства на текстилни материјали,

-          Испитување функционални и естетски својства на текстилни материјали и облека,

-          Контрола на процесибилност и шивливост на текстилни материјали во процесите на изработка на облека.     

 

Лабораторија дава можност за реализација на научноистражувачки и апликативни проекти во следниве области:

-          механички, функционални и естетски својства на текстилните матиријали и облека;

-          доработка и нега на текстилините материјали;

-          експлоатациони својства на текстилни материјали и облека;

-          комфор на текстилните материјали;

-          процесибилност на текстилните материјали во технолошките процеси на изработка на облека

 

Исто така, лабораторијата дава можности за реализација на развојни и апликативни проекти со текстилната индустрија во насока на решавање производни проблеми, развој на нови производи и подобрување на конкурентноста.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Технолошко-металуршки факултет - Скопје  

Одговорен        Горан Дембоски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.   

Tелефон:            +389 (02) 30 88 201