Тел:   +389 2 3117 896
Факс: +389 2 3118 414
Е-пошта: contact@mon.gov.mk

Педагошка лабораторија

Целта на лабораторијата е:

-        Подобрување на квалитетот на студирањето;

-        Зголемување на ефикасноста и подобрување на квалитетот на наставната работа;

-        Апликација на современите светски и домашни сознанија, концепции и идеи во воспитно-образовната работа добиени по пат на електронска комуникација;

-        Изготвување, дизајнирање, складирање на апликативни материјали од страна на студентите и можност за дистрибуирање до сите заинтересирани корисници;

-        Подобрена научно-истражувачка, информациско-консултативна и инструктивната дејност;

-        Воведување на современи/мултимедиски модели на настава и учење;

-        Поквалитетна  иницијална обука и професионално усовршување на педагошките кадри;

-        Стекнување на вештини и сознанија од областа на информатичката технологија и користење на Интернет мрежата за потребите на наставата и научно-истражувачката работа;

-        Формирање на база на податоци од областа на педагогијата за дигитално пребарување и користење од страна на вработените и студентите.

Лабораторијата се состои од следниве делови

-        10 Персонални компјутери

-        20 Преносни комјутери

-        2 Печатара црно-бел

-        2 Печатара во боја

-        1 Мултифункциски уред

-        2Скенера

-        1 Видео Проектор

-        1 Презентациска табла

-        2 Камери

-        15 Мемориски стикови

-        Софтвер за статистички програм СПСС

Корисници на лабораторијата, главно се студентите (додипломци, постдипломци и докторанти) и професорите и соработниците на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Филозофски факултет - Скопје 

Одговорен        проф. д-р. Вера Стојановска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 31 16 520

Мултимедијална јазична лабораторија

Изучувањето и усовршувањето на нашите и странските јазици во нашата земја, станува важен фактор за успешно и ефикасно функционирање во денешната заедница. Филолошкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, има вкупно пет студиски програми: Албански јазик и книжевност, Македонски јазик и книжевност, Англиски јазик и книжевност, Германски јазик и книжевност и Француски јазик и книжевност. Поради недостиг на современа јазична технологија, динамичниот процес на изучување на овие јазици е значително намален и евидентен е незадоволителниот резултат кај студентите . Мултимедијалната јазична лабораторија ќе ја надополни огромната потреба за современо, интерактивно и поефикасно изучување и усовршување на горенаведените јазици; за вклучување на студентите во научно – истражувачки проекти од областа на јазикот; за нивна активна и плодна соработка со студенти од други универзитети.

Мултимедијалната јазична лабораторија е наменета, пред сè, за студентите запишани на додипломски и постдипломски студии од сите пет студиски програми на Филолошкиот факултет при ДУТ, но се разбира, и за студентите од целиот Универзитет. Сите студенти се добродојдени во лабораторијата со цел да ги изучуваат и усовршуваат јазиците, преку употреба на најмодерна наставна опрема.  

Мултимедијалната јазична лабораторија со наставно-научен и истражувачки карактер се користи за потребите на студентите од Филолошкиот како и другите студисли програми при ДУТ, пред се за усовршување на горенаведените јазици и за стекнување на современо апликативна дејност во областа на јазикот, книжевноста, методологијата, наставата и подготовка за разни јазични тестирања и сертификати.

Преку оваа лабораторија, студентите коишто студираат на Филолошкиот факултет, како и сите студенти од ДУТ имаат можност да стекнат нови знаења за саканите јазици, да ги усовршат истите, да бидат вклучени во тој процес на многу посовршен и практичен начин. На истите им се дава можност да вршат научно - истражувачка дејност, во која се реализираат проекти за нови достигнувања во науката за јазик (електронски речници, електронска библиотека...), кои се од корист за сите учесници во воспитно – образовниот процес во нашата земја.

Со користење на мултимедијалните помагала, студентите и сите вработени на ДУТ имаат можност да извршуваат разни јазични анализи и контрастивни споредби од различен карактер. Истите може да им помогнат на студентите/професорите/асистентите и сите вработени на Универзитетот во подготовка на дипломските и мастер трудови преку соодветни научно истражувачки апликативни методи.

Понатаму, лабораторијата може да се користи за организирање и подготовка на разни обуки од областа на јазикот, економијата, психологијата, подготовка на разни обуки и тестирања: ТОЕФЛ, ТОИЕЦ, итн

Установа:           ДУТ

Подносител:       Филолошки факултет - Тетово

Одговорен        проф. д-р. Арбер Челику

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (44) 35 65 00

 

 

Лаборатории за изучување на странски јазици, превод и толкување

Во својата повеќе децениска дејност Филолошкиот факултет оформи преку 10.000 високообразовни кадри што изнесува над 10% од целокупниот број на дипломирани студенти на Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј “ во Скопје. Најголем број на од овие кадри сеуште изведуваат длабоко хумана и образовна мисија во основното и средното образование кај нас , во издавачките куќи, во областа на консекутивното и симултано преведување и толкување од македонски јазик на повеќе светски јазици и обратно, како и во многу други области од општественото и политичкото живеење во Република Македонија и надвор од неа.

Обезбедувањето на подобри и посовремени услови за обавување на наставно – образовниот процес со изградба, адаптација и реконструкција на нови и постојни предавални со нивно техничко опремување со современа опрема за следење на образовниот процес ( набавка на ЛЦД проектори со видео бимови, интерактивни табли, компјутери, мебел и др. опрема ), потоа изградба, адаптација и реконструкција нови и постојни лаборатории за преведување и толкување и други лаборатории со современа опрема за таа намена ( кабини, миксети , слушалки, компјутери и др. опрема) се главните приоритети во осовременувањето на наставно - образовниот процес.

Целта на факултетот во оваа насока е јасна - преку опремување и осовременување на наставно – образовниот и научно – истражувачкиот процес како и низ сестрана и интензивна соработка со што повеќе универзитети и факултети од Европа и светот да постане препознатлив и составен дел од нив.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Филолошки факултет - Скопје 

Одговорен        проф. д-р. Александра Саржоска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 40 401

                            +389 70 30 68 95