Тел:   +389 2 3117 896
Факс: +389 2 3118 414
Е-пошта: contact@mon.gov.mk

Лабораторија по општа физика

Лабораторијата по општа физика е наменета за изведување на предвидените лабораториски вежби според програмите од предметот физика во различни студиски програми во ДУТ вклучувајќи ги и вежбите во предметите во студиската програма по физика.

Лабораторија се користи за изведување на разни лабораториски вежби од областа на механика, електромагнетизам, оптика и атомска физика како и за подготвување на дипломски теми.

Лабораторија има единствена цел, а тоа е подготвување на студентите за експериментално утврдување на физичките закони и појави со што ќе се подигне нивната спремност и способност за совладување на разни предизвици кои се предвидени во оквир на предвидените компентенции за да можат успешно да ги решаваат.

Установа:           ДУТ

Подносител:       Факултет за природно-математички науки - Тетово

Одговорен        проф. д-р Наим Махмуди

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (44) 35 65 00

Лабораторија за мерење на еколошките параметри

Лабораторијата за мерење на еколошките параметри има двоен карактер, како научно-истражувачка лабораторија во која се развиваат мерни системи за мониторинг на соодветните еколошки параметри кои влијаат на загадување на животната средина и како лабораторија од практично-апликативен карактер.  Основач на Лабораторијата е Институтот за електрични мерења и материјали при Факултетот за електротехика и информациски технологии при УКИМ.

Во оваа лабораторијата се наоѓаат следните инструменти: 1) инструмент за анализа и оценка на квалитетот на водата (фотометар), 2) преносен инструмент за мерење аеросоли и внатрешна респираторна прашина, 3)рачен гасен анализатор, 4) гасен анализатор за мерење во затворени простории, 5) термовизиска камера, 6) анализатор на звук, и 7) податочни логери за мерење температура и влажност

Лабораторијата може да извршува истражувачки проекти во областа на мониторирање на концентрацијата на партикуларни честички, респираторна  прашина и аеросоли.Со гасните анализатори се детектираат штетни гасови на отворено и затворени простории како: O2, CO, CO2, SO и SO2, но можна е и надоградба со сензори за други гасови. Лабораторијата поседува фотометар - уред за анализа и оценка на квалитетот на водата. Може да биде испитувана водата за пиење, отпадна вода, водата во базените, итн. Овој инструмент ги покрива сите најзначајни параметри за анализа од алуминиум до цинк.

Термовизиската камера овозможува фотографски приказ во инфрацрвениот спектар на светлината. На овој начин се овозможува добивање термална слика на објектот кој е предмет на снимање.

Анализатор на звук со меморија има можност за собирање на податоците и комуникација со компјутер, како соодветен софтвер за обработка на податоците. Инструментот се користи за мерење на нивото на звукот и бучавоста.  

Во поглед на апликативни проекти можно е да се мониторираат респираторни гасови, штетни гасови во индустријата, гасови во затворени простории каде престојуваат поголем број на луѓе. Со фотометарот може да се анализира вода за пиење и индустриска вода за различни фирми од стопанството.

Термовизиската камера има широка апликативна примена во многу области од електротехниката, машинството, градежништвото и сл., а особено во доменот на енергетската ефикасност.   

Со инструментот за мерење на звук и бучава може да се вршат мерења како во индустриските хали, така и во простории наменети за поголем број луѓе како театри, училишта, болници, итн.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за електротехника и информациски технологии - Скопје 

Одговорен        проф. д-р. Владимир Димчев 

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 30 99 110

Лабораторија за микроскопија и електронска микроанализа

Електронската микроанализа (англ.EMPA-electron microprobe analysis, герм. ESMA-Elektronenstrahlmikroanalyse) се засновува на испитувањето напробата во цврста состојба сокористење на карактеристично рентгенско зрачење, кое се побудува со фино фокусиран електронски млаз. Веќе 40 години (прва,ICXOM-International Conference on X-ray Optics and Microanalysis, Cambridge 1956) EMPA представува широко применува метода на испитување во сите научни области, а посебно во геологијата, металургијата и науката за материјалите.

Појавата на оваа метода и конструкцијата на уредите за EMPA, е логична последица на развојот на електронскатa микроскопија и ренгенската спектрометрија во текот на средината од XX век.

Како би можело подобро да се разберат основните принципи нa квалитативната и квантитативната електронска микроанализа, како и функционирањето на EMPA на сл.1. е прикажан модел на финофокусиран електронски млаз (со енергии од 10 до 30 [kV] )   и проба во цврста состојба чиј состав го сочинуваат елементи со среден и низок реден број.

Сложените појави кои се поврзани со меѓусебното дејство на влезните електорни со атомите на пробата не се предмет на проучување на електронската микроанализа, туку детекцијата и анализата на емитираната радијација, односно фотоните и електроните. Тоа овозможува одредување на квалитативниот и квантитативниот состав во возбудената зафатнина од пробата, микротекстурата, структурата, морфологијата на површината, распределбата на елементите  во пробата и др. Во зависност од природата на детектираниот сигнал се добиваат податоците за испитуваната проба.

Воведувањето на овие методи на просторот на Република Македонија во основа ќе ја направи нашата наука, во сферата на науката за материјалите, нано-истражувањата, науките за Земјата, комплементарни со земјите во поширокото опкружување кои досега ги имаат воведено овие методи. Денес во апликативната, како и во фундаменталната истражувачка работа невозможно е да се замисли сериозно истражување без примената на овие модерни техники на одредба на составот, структурата, текстурата, површинската обработка на материјалите како основа за понатамошната истражувачка работа.

Со примената на овие техники подлабоко ќе се навлезе во науките како што се: науката за материјалите, новите технологии, нано-материјалите и нано-истражувањата: геологијата, минералогијата: испитувањето на спомениците на културата и старите археолошки артефакти: биомедицинските науки, како и битехничките науки. 

Формирањето на ЛАБОРАТОРИЈАТА ЗА МИКРОСКОПИЈА И ЕЛЕКТРОНСКА МИКРОАНАЛИЗА ќе овозможи на просторот на Република Македонија да се понудат аналитички услуги во следните подрачја:

-        Аналитички одредби во подрачјето на геологијата и минералогијата,

-        Аналитички одредби во подрачјето на испитувањето на материјалите (металургија, текстил, машинство, неметална индустрија и др.),

-        Аналитички одредби на нови материјали,

-        Аналитички одредби на археолошки артефакти (керамика, камен, метал, органски и неоргански остатоци),

-        Аналитички одредби на нано-материјали,

-        Аналитички одредби на биолошки материјали (растителни форми, животниски форми),

-        Аналитички одредби на медицински материјали и др.

 

Треба да се спомене дека вакви лаборатории веќе постојат во земјите на нашето опкружување и тоа: во Белград, во Загреб., во Љубљана, во Софија. Досега сите неоходни истражувања и одредби кои се правеа за потребите на правните и физичките лица од Република Македонија се правеа во некои од лабораториите во соседните земји.

Денес е несватливо да се работи на производтсво на нови материјали без постоење на лабораторија за електронска микроанализа и лабораторија за структурни истражувања.

Исто така треба да се спомене дека оваа лабораторија има исклучителна примена во денес се повеќе присутните еколошки истражувања и тоа во разни домени на екологијата (тешки метали, индустриски отпади, опасни отпади, аерозагадување и др.).

Лабораторијата е достапна за стопнаството, универзитетите, магистрантите и докторантите.

Установа:           УГД

Подносител:       Факултет за природни и технички науки - Штип

Одговорен        проф. д-р. Блажо Боев

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (32) 55 00 00

Лабораторија за структурна карактеризација на материјали

Глобалните потреби за добивање на нови материјали ги фокусира научниците кон испитувања на различни физички и хемиски особини на материјалите со нагласување на структурните карактеристики како круцијални за разбирање на нивните особини и креирањето на методиза нивна синтеза. Во сегашниот индустриски и технолошки развој можноста за брза и целосна карактеризација на материјалот е главна цел.

Затоа, надградувањето и формирањето на ваков тип лабораторија произлегува од современите научни барања за добивање и испитувања на материјали со специфични својства. Својствата ја диктираат и нивната примена, па затоа овој тип истражувања се особено важни за стопанството во секоја земја. Засилувањето на капацитетот на една ваква лабораторија би овозможила уште поголема спрега меѓу науката и стопанството.

Лабораторијата за структурна карактеризација на материјали помага во развивање на методи за синтеза на нови или веќе познати материјали (вклучувајќи и материјали со нанодимензии) бидејќи инструментацијата овозможува испитувaње на својствата на материјалите од аспект на нивната структура. Лабораторија може да се користи за испитувале на следниве материјали:

-        минерали, карпи, руди, керамики, пигменти, предмети од метали и легури

-        фармацевтски активни супстанци

-        материјали кои покажуваат невообичаени електрични, магнетни, каталитички својства

-        материјали со термохромни особини

-        тенки филмови од полуспроводнички или биокомпатибилни материјали

-        наноматеријали

-        полимери

 

Овој тип лабораторија може да се користи од голем број индустриски гранки (металургија, фармација, медицина, рударство, технологија и др.) кои произведуваат (и/или испитуваат) органски и неоргански материјали.

Лабораторијата е опремена со современ Rigaku IV Ultima дифрактометар за снимање на спрашени образци. Инструментот располага со два детектора (еден е ултра-брз), а во склоп на опремата набавена е и ќелија за снимање на висока температура (до 1300 ° C). Во лабораторијата може да се изведуваат секакви истражувачки и апликативни проекти во кои премет на интерес е идентификација, каракеризација, фазна анализа на цврсти спрашени образци, а дава можност да се испитува и структурата и на најразновидни тенки филмови.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Природно-математички факултет - Скопје

Одговорен        доц. д-р. Петре Макрески

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 41 806

                            +389 70 63 58 39

Лабораторија за контрола на природен гас, нафта, нафтени деривати и биодизел

Лабораторија за контрола на природен гас, нафта, нафтени деривати и биодизел има примена во наставно-научна и апликативна дејност во областа на нафтените деривати и горивата. Истата се користи за вршење анализа на нафтени деривати и горива за наставно-научни и апликативни цели. Лабораторијата реализира проекти од областа на истражувања на квалитетот на нафтените деривати и горивата.
Установа:           УКИМ

Подносител:       Природно-математички факултет - Скопје

Одговорен        проф. д-р Богдан Богданов

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 70 31 12 38

Студентска лабораторија за органска хемија, биохемија, хетероциклични соединенија и природни производи

{}

Форензична ДНА лабораторија

Форензична ДНК лабораторија се применува за анализа на наследниот материјал кај човекот и толкување на резултатите од кривично правен аспект, криминалистички и граѓанско правен аспект по барање на правни лица, суд, полиција, адвокати, физички лица, јавни обвинители, социјални служби и др. За компаративни популациони студии во соработка со сродни институции од светот.

Во лабораторијата се работат форензични ДНК анализи (јадрена-маркери на автозомни и полови хромозоми и митохондријална ДНК), односно ДНК анализа од биолошки траги (крв, сперма, епителни клетки, плунка,коски, заби, влакна, фецес и урина) и нивна примена во криминалистика,при идентификација (коски, заби, меко ткиво и крв) иодредување на биолошко сродство (татковство, мајчинство и роднински врски).Се користи и за изработка на ДНК анализа за популациони студии.

Апликативните проекти се поврзани со изработување на ДНК анализа за одредување на биолошко сродство, ДНК анализа на биолошки траги со различна старост и нанесени на различни површини и за случаите на идентификација.

Во однос на истражувачките проекти се изработуваат популациони студии со компаративен пристап на резултатите од различни популации и подготовка на база на податоци важна за статистичка обработка на резултатите како и научно истражувачки проекти поврзани со археолошки истражувања, тестирање на нови китови за дополнителни алели.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински факултет, Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија - Скопје 

Одговорен        д-р Алексеј Дума

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 31 77 044

                            +389 70 22 14 08

Лабораторија за метаболички скрининг

Овој тип на лабораторија за прв е формиран на ниво на Република Македонија.

Потребата за воведување на метаболен скрининг кај новородени за која цел и се користи опремата, се должи на следните елементи: метаболниот скронинг е задолжителен за сите членки на Европската унија; раното лекување или диетен режим на децата каде е откриена некоја метаболна болест додека истата не е манифестна е од есенцијално значење за нивното понатамошно физичко и ментално здравје; раното откривање и лекување би го поевтинило лекувањето на овие деца ако истите се откријат во поодмината фаза на болеста. Со воведувањето на неонаталниот метаболен скрининг се скратија дополнителни трошоци за транспорт на материјалот како и и каснење на лекувањето на децата кои оставаат долготрајни здравствени, социјални и финансиски последици. Се започна со скенирање на неколку најчести болести (некои од аминоацидемиите, дефектот на карнитинот, како и некои од дефектите на органиските киселини) за да во понатамошната фаза се опфатат 25 болести.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински факултет, Универзитетска клиника за детски болести - Скопје 

Одговорен        проф. д-р. Мирјана Кочова

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 29 156

                            +389 70 24 26 94

Лабораторија за анализа на органски супстанции во сложени матрици

Во рамките на Лабораторијата за гасна хроматографија со средства на Владата на Р. Македонија е набавен нов инструмент за гасна хроматографија: Pegasus 4D кој се состои од GC×GC–TOF/MS. Значењето на овој инструмент кој е од најновата генерација на гасни хроматографи е што овозможува раздвојување на испарливи компоненти и тоа на две колони и затоа се нарекува и дводимензионална гасна хроматографија. Издвоените аналити се идентификуваат со масен спектрометар и тоа со анализатор од типот на време на прелет. Покрај тоа, инструментот располага со додатоци за подготовка односно внесување на примерокот што ја проширува неговата примена. Како целина, но и како посебни три дела, хроматографски, детекторски и подготовка на образецот, се работи за единствен инструмент во нашата земја и пошироко во регионот.

Лабораторијата може да се користи за анализа на траги на штетни супстанци (пестициди и други супстанци од европската приоритетна листа) во животната средина, како и штетни материи во различни видови прехранбени продукти, амбалажа итн.

Лабораторијата може да најде примена во научни истражувања во биохемијата, фармацијата, форензиката и медицината воопшто за анализа на погоре споменатите аналити.

Оваа лабораторија се користи и за образовни цели, бидејќи со години на Институтот за хемија се образува кадар за практично сите типови на аналитички техники, вклучувајќи ги и хроматографските спрегнати со масена спектрометрија.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Природно-математички факултет, Институт за хемија - Скопје

Одговорен        проф.д-р Зоран Здравковски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 49 926

                            +389 70 22 53 94

Микробиолошка лабораторија за органска, неорганска и биохемија

Вo рамките на Владиниот проект за опрема на лаборатории во Република Македонија, беше набавена Лабораторијата за студенти-Кичево. Станува збор за лабораторија каде се изведуваат лабораториските вежби за студенти од прв циклус студии на студенти при Технолошко-техничкиот факултет Велес, дисперзирани студии Кичево во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола. Во неа се изведуваат експерименти наменети за потребите на поголем број на предмети за насоката прехранбена технологија и биотехнологија, а од учебна 2013/2014 година и за потребите на насоката нутриционизам. Основниот лабораториски прибор и опрема ги задоволуваат барањата за лабораториските вежби по хемија, биохемија, биологија, микробиологија, технологиите за растителни и животински производи итн.

Оваа лабораторија до сега е искористена и за делумно покривање на практичната настава на ученици од средните училишта од општината Кичево, како и за подготока на ученици за натпревари со републички карактер.

Во иднина лабораторијата би можела да прерасне и во лабораторија со истражувачка и апликативна дејност со можност за хемиска, биохемиска и микробиолошка анализа на прехранбени продукти, почва, вода, воздух по барања доставени од страна на индивидални лица или компании.

Установа:           УКЛО

Подносител:       Технолошко-технички факултет

Одговорен        проф. д-р. Драган Дамјановски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (43) 21 12 02

                            +389 75 26 92 19

Лабораторија за "In Vitro" култури на растителни ткива

Денес на почетокот на 21-от век, перспективите во производството на здрава храна се насочени кон добивање на здрави растенија ослободени од патогените организми (бактерии, габи и вируси) со примена на методите на ин витро култури на растителни ткива и клетки. Овие методи опфаќаат вегетативно размножување (микропропагација или микроклонирање) на растенијата во ин витро услови. Микропропагацијата на растенијата во ин витро услови овозможува да се избегнат големите материјални средства неопходно потребни за одгледување на растенијата на земјоделските површини и во ботаничките градини. На ваков начин илјадници економско значајни растителни видови се одржуваат во посебни простории за култивирање (клима комори) под контролирани асептични услови.

Апликативност за научноистражувачки и практични цели:

Научноистражувачката дејност на Лабораторијата за ин витро култури на растителни ткива има голема апликативност во брзото ин витро размножување (микропропагација) на различни растителни видови кои имаат широка примена во хортикултурата, земјоделството, шумарството, фармацевтската, хемиската и прехранбената индустрија. Поради тоа што овој начин на размножување на растенијата во ин витро услови сеуште не е доволно познат, дејноста на оваа Лабораторија има не само фундаментално, туку и апликативно значење во комерцијалното производството на:

-        растенија со поголем принос и подобар квалитет;

-        растенија отпорни на хербициди и пестициди;

-        растенија отпорни на еколошки стрес фактори: температура, светлина, врнежи, суша, влажност на воздухот, тешки метали;

-        растенија отпорни на нападот на патогените вируси, микроорганизми, габи, инсекти и други животни;

-        растенија кои се употребуваат во добивање на фитопрепарати.

-        масовно комерцијално производство на растенија со економско значење со примена на ин витро методите;

-        ин витро размножување на растителните видови кои масовно се искористуваат во индустријата;

-        селекција на сомаклонови со подобар квалитет кои наоѓаат примена во хортикултурата, овоштарството и поледелството;

-        комерцијално производство на здрав посадочен материјал (ослободен од патогените организми) во хортикултурата, земјоделството и шумарството;

-        примена на растителните ин витро култури во подготовка на фитопрепарати кои наоѓаат примена во хуманата и ветеринарната медицина, фармацевтската и козметичката индустрија;

-       примена на растителните ин витро култури во производството на растителни бои, емулгатори, стабилизатори, зачини и ароми во прехранбената индустрија, како и инсектициди, фунгициди и други природни производи од комерцијално значење;

-        заштита и обновување на природниот генофонд на растенијата со примена на ин витро методите;

      -       економска оправданост и заштеда на материјални средства и простор за култивирање на растенијата кои имаат економско значење и се искористуваат во индустријата. 

Установа:           УКИМ

Подносител:       Природно-математички факултет - Скопје

Одговорен        доц. д-р. Соња Гаџовска-Симиќ

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 78 22 00 65

Генетска лабораторија со цитогенетика

Оваа лабораторија е наменета за откривање на мали хромозомски аберации кои со класични цитогенетски техники не можат да се откријат, а се чести кај децата со ментална заостанатост кај кои нема прецизна дијагноза. Со прецизното дијагностицирање на малите цитогенетски промени, ќе може да се изврши и превенција на истите во семејствата преку рано откривање, генетско советување и пренатална дијагноза. Со опремата, современ микроскоп со соодветен софтвер за кариотипизирање и можност за изведување на флуоресцентна ин ситу хибридизација, го олеснува и осовременува прицесот на откривање на хромозомски промени кај индивидуите со ментален хендикеп. Во иднина се планира и да се откриваат и мали хромозомски примени на хромозомите и кај малигните заболувања, што е основа за одбирање на соодветниот протокол по кој ќе биде третирано детето со малигна болест.
Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински факултет, Универзитетска клиника за детски болести - Скопје 

Одговорен        д-р Мирјана Кочова

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 29 156

                            +389 70 24 26 94

Мобилна (теренска) лабораторија за животна средина

Теренската лабораторија за животна и работна средина располага со инструменти за испитување на квалитет на воздух и тоа: инструмент за мерење на концентрација на цврсти честички, инструменти за мерење на концентрација на гасови: CO, CO2, SO2, NOx, O2, инструмент за детекција на испарливи органски компоненти (VOC TRAQ), определување на проток во канали, инструмент за анализа на издувни гасови, инструмент за мерење на нивото на бучава, мобилна метеоролошка станица, дозиметри за мерење на персонална изложеност на бучава, специјализирани софтвери за обработка и анализа на податоците, како и софтвери за предикција и моделирање на поедините појави поврзани со концентрацијата/нивоата на контаминантите во просторот.

Лабораторијата, односно опремата со која располага се користи за контрола наквалитативните и квантитативните параметри на амбиенталниот воздух во реални услови и реално време. Ваквите мерења во реално време, овозможуваат значително поефикасно и поточно дефинирање на состојбите/појавите кои се истражуваат, споредено со класичните точкасти мерења кои досега најчесто се користат, пред се поради фактот што квалитетотна взодухот е многу променлив.

Лабараторијата е посебно фокусирана на дефинирање на амбиенталните концентрации и нивоата на персонална експозиција на поедини штетности во реално време (прашина, гасови и пареи, био-аеросли како вируси и бактерии во воздух), микро-климатски параметри (влага, температура, притисок, брзина на движење на воздух...), бучава во животна и работна средина.

Освен детекција на поедини штетности во реално време лабараторијата, поседува инструменти за земање примероци на воздух и анализа на истите во другите лабаратории, вклучително хемсики анализи, микроскопски, ренгенски.

Лабораторија е фокусиранана научни истражувања поврзани со штетното влијание и ефектите од загадениот воздух и бучавата како дел од загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето, аовозможува исервисирање на потребите на индустриските компании за контрола на квалитетот на работната и животната средина, како и на државните институции и тела чија надлежност е контрола на квалитетот на работната и животната средина.

Установа:           УГД

Подносител:       Технолошко-технички факултет - Штип

Одговорен        доц. д-р. Дејан Мираковски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (32) 55 05 70

                            +389 70 37 60 04

Централна физичко-хемиска лабораторија

Централна физичко-хемиска лабораторија при Националниот Конзерваторски Центар (НКЦ) е единствената лабораторија во епублика Македонија чија основна дејност е физичко-хемиско испитување на спомениците од нашето културно наследство.

Лабораторијата се состои од два високо софистицирани инструменти кои се во функција на непосредната заштита на културно историските споменици. 

-        Рендгенски дифрактометар (XRD, Shimadzu), кој служи за испитување на материјали од мозаици, градежни фази; керамички предмети и други археолошки наоди;

-        Инфрацрвен спектрометар (micro-FTIR, Shimadzu) кој е опремен за микро анализи,кој се користи за идентификација на материјалите од кои се образувани уметничките културни добра - фрески, икони, слики, манускрипти и слично.

Од исклучителна важност е што новата опрема спаѓа во групата на неинвазивни техники бидејќи со нивната примена не се нарушува оригиналноста на предметите кои се анализираат.  

Опремата е поставена и инсталирана во две лабораториски простории, на површина околу 70 м2.

Од причина што истражувачката дејност на културното наследство претставува мултидисциплинарна дисциплина, информациите од хемиските испитувања имаат апликативен карактер  во другите научни области, од аспект на историја на уметноста, археолошките истражувања, архитектонските, како и во непосредните конзерваторски активности.

Исто така, со реализација на овој проект, се усовршува научно истражувачката дејност врз културното наследство во Република Македонија со што се отвара можност за соработка со Европски Институции кои делуваат во сродната проблематика. Во оваа смисла, учество во меѓународни проекти од областа на археометријата, што претставува научна дисциплина која ги вклучува природните науки (физика, хемија), историјата и археологијата.

Подносител:       Национален конзерваторски центар - Скопје

Одговорен        м-р Лидија Робева Чуковска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 70 22 70 52

                            +389 75 29 96 67

Лабораторија за екстрација на етерични масла од зачински и лековити растенија и детерминација на биолошки активни материи

 Лабораторијата е наменета за апликативнa научно – истражувачкa дејност и едукација на студенти.

Лабораторијата е составена од следниве делови:

         -        Гасен хроматограф со пламено јонизирачки детектор (FID) детектор и масен детектор (МS)

         -        Ултра течен хорматограф со високи перформанси со диоден детектор

         -        Течен хорматограф со високи перформанси (HPLC) со диоден детектор (DAD) и постколонска дериватизација

         -        Атомски апсорпционен спектрофотометар

         -        UV-видлив спектрофотометар со диоден детектор (DAD)

Анализите и испитувањата во лабораторијата се насочени кон детерминација на биолошки активните материи содржани во зачинските и лековитите растенија значајни за прехранбената индустрија, конзервирањето на храната.

Поради софистицираниот карактер на опремата добиената лабораториска опрема ќе биде искористена за проучување на основните метаболички патишта во растителната биохемија и потеклото на секундарните метаболити. Со оваа опрема исто така ќе може да се врши и хемиска анализа на квалитетот и безбедноста на природните растителни суровини, присутвото на контаминенти и резидуи.

Меѓутоа приоритет на оваа лабораторија е воспоставување на нови методи според стандардите на Европската Комисија, нивно акредитирање и етаблирање на оваа лабораторија како референтна лабораторија за екстракција на етерични масла од зачински и лековити растенија и детерминација на биолошки активни материи и анализа на нивниот квалитет и безбедност.

Установа:           УКЛО

Подносител:       Факултет за биотехнички науки - Битола

Одговорен        проф. д-р Живко Јанкулоски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (47) 23 82 76

Лабораторија за форензичка токсикологија

Во лабораторијата за форензична токсикологија се утврдува евентуалното присуство на отрови (хипнотици, седативи, аналгетици, психотропни супстанци и наркотични дроги, пестициди, корозиви, испарливи супстанци и гасови), нивната природа, а кога е возможно се одредува и количината на присутниот отров, како и распоредот на отровот по различни внатрешни органи, што е многу значајно за донесување на заклучок за природата на труењето. Предмет на токсиколошките испитувања се биолошки течности и делови од внатрешни органи од отруените лица, секрети, екскрети, сомнителни течности, прашоци и таблети.

Во оваа лабораторија се изведуваат испитувања во сите случаи на хомоцидни труења, суицидни, случајни, медицински, професионални труења, како и при употреба на отровите како средства за задоволство (морфиноманија, хероиноманија, кокаиноманија и алкохолизам) и се дава стручно мислење. Во недостаток на други соодветни лаборатории се вршат и вештачења на биолошки материјал од животинско потекло.  

Во лабораторијата се извршуваат токсиколошки анализи на биолошки течности и делови од ткива за научно-истражувачки проекти во кои се проучува патологијата на шизофренијата како и  причините за суицидите и нивната превенција. Во иднина, би можело да се извршуваат и токсиколошки анализи на коса, за целите на овие и други научно-истражувачки проекти.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински факултет, Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија - Скопје 

Одговорен        д-р Билјана Јанеска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 31 77 044

Лабораторија за наноматеријали

Наноструктурните материјали се од клучно значење за современата наука и тех­­нологија. Во основа тоа се должи на нивните невообичаени физички и хемиски свој­­ства кои во значителна мера зависат од големината на кристалите во определен оп­­сег на големини. Бидејќи во суштина по­­тенцијалната примена на овие материјали е детерминирана од нивните својства, о­­ваа зависност од големината на кристалните честички претставува уникатен начин ка­­ко може да се дизајнираат наноструктурните материјали. На Институтот за хемија, од пред извесно време, интензивно се работи на по­­лето на синтеза и изучување на својствата на наноматеријалите, пред се од гру­па­та на полуспроводници, но и пошироко. За до­се­гаш­ната работа на ова поле се ко­рис­тени релативно скромните инструментални ре­сур­си со кои располага Ин­сти­ту­тот за хемија (но и Природно-математичкиот фа­кул­тет пошироко) за ваков тип на ис­тражувања.

Исто така, користени се и ресурсите на реномирани научни институции од странство со кои ра­ко­во­ди­те­лот има активна соработка. Со оглед на актуелноста и ат­рак­тив­носта на на­но­на­уката, нанохемијата и нанотехнологијата во светски рамки, како и значајноста на ис­тражувањата во овие области како од фундаментален, така и од ап­ликативен и раз­воен аспект, основањето на Лабораторија за наноматеријали е од ис­клучително стра­тешко значење за целата Држава. Со основање на оваа ла­бо­ра­то­ри­ја, се до­ком­плетира постојната опрема која се користи за синтеза и особено за ка­рак­те­ри­за­ција на својствата на наноматеријалите. На таков начин се о­воз­можени по­про­длабочени истражувања во оваа област, од една страна од фун­да­мен­тален ас­пект, но исто така и од апликативен аспект. Имено, оваа лабораторија овозможува изведување на темелни изучувања на микроструктурата и морфологијата на површините што, пак, овозможува истражувањата на спомнатите својства кои до се­га ги правевме во соработка со истражувачките групи од други земји, многу по­е­фек­тивно да ги завршуваме во наши услови. Исто така, основањето на оваа Лабораторија е добра почетна по­зиција за основање на локален центар за испитување на наноматеријали. Со ог­лед на фактот што истражувачки центар од таков тип сеуште не постои во Р. Ма­ке­до­нија, тој би бил од стратешко значење за нашата Држава. Опремата набавена за оваа лабораторија може да се користи и за струк­тур­­на карактеризација на материјалите за таканаречената high-techиндустрија, а ис­­тражувањата во иднина би можеле да се насочат и кон дизајнирање на спе­ци­фич­ни на­номатеријали за поедини индустриски гранки, особено за микроелектрониката и срод­ните дејности, но и во фармацевтската технологија и нанобиотехнологијата, ка­­ко и за подетална карактеризација на нивните својства.Во исто време, оваа Лабораторија овозможува и продлабочено на­учно образование од нанонауката, нанохемијата и нанотехнологијата во Ре­пуб­ли­ка Македонија.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Природно-математички факултет, Институт за хемија - Скопје

Одговорен        проф. д-р. Биљана Пејова

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 49 922

                            +389 (02) 31 19 279

Лабораторија за минерална технологија

Лабораторијата за Минерална технологија со своите единици/оддели е многу комплексна, врвна, напредна и софистицирана Лабораторија, составена од поголем број апарати, опрема, преносливи инструменти за контрола на квалитативните и квантитативните параметри на воздухот, почвата, рудата, еко – материјалите, е – материјалите, нано – материјалите, минералите и водата.

Лабораторијата е наменета за напредни и современи научни истражувања и развој на модели, а истата има значајна улога во реализацијата на наставните програми од прв, втор и трет циклус и подобрување на степенот на обученост на студентите низ практична и теренска настава. Дополнително, истатаги сервисира потребите на индустријата, како и државните органи чија надлежност е контрола на квалитетот на животната и работната средина.

Лабораторијата врши научни анализи и испитувања на параметрите на атмосферата, почвата, минералите, рудите, концентратите, сите споменати еко-, е-, нано-, и водите, со цел дефинирање на појавите и процесите, и развој и примена на нови мерки за унапредување на квалитетот на животната и работната средина. Оваа лабораторија има широк спектар на примена во многу научни области, а пред се во минералното инженерство, металургијата, заштита при работа, транспортот, сообраќајот, индустриската вентилација, воведување на нови материјали и технологии и климатизација итн.Дополнително, оваа лабораторија со своите современи единициддели, поради својата применливост за практични цели ги сервисира потребите на широк дијапазон корисници од индустријата, како и надлежни институции и органи на државно и локално ниво,.

Приоритетни истражувања во предложената лабараторија за Минерална технологија се сите истражувања кои се потребни да се реализираат во рамките на одделните национални или европски научни и/или развојно-апликативни истражувачки проекти прифатени за финансирање или кофинансирање, а кои ќе придонесат во решавањето на специфични проблеми во технолошкото инженерство. Тоа, главно ги опфаќа активностите на апликативната и научно-истражувачката дејност односно:

 -        Истражувања и карактеризација на природните биоразградливи  материјали,

        -        Истражувања и карактеризација на синтетичките  материјали,

        -        Истражување и карактеризација на рециклирани материјали,

 -        Истражувања и карактеризација на нови полимерни материјали, и др.

Установа:           УГД

Подносител:       Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Одговорен        проф.д-р Борис Крстев

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (32) 55 00 11