Тел:   +389 2 3117 896
Факс: +389 2 3118 414
Е-пошта: contact@mon.gov.mk

Лабораторија за дигитална аудио визуелна продукција и пост продукција

Лабораторијатаза аудио-визуелни научни и уметнички истражувања пред сè е наменета за примена и овладување со категоријалниот апарат и базичните теориски и практични сознанија врзани за филмската и телевизиска уметност, и како помош при профилирање на самостоен авторски и критички однос кон стварноста, преку научно-истражувачки теми како што се: епистемиолошката функција на сликата; латентни димензии на субјективното доживување на телевизиските жанрови; поврзаноста на интелегенцијата и естетската проценка на визуелна содржина; доживување на аудио-визуелниот универзум; стимулусни фактори на естетското доживување; прегнантност на когнитивни мапи, концепција за креативност кај возрасните и децата итн.

Практичната примена на лабораторија е адаптирана да одговори на пронаоѓањето на специфични способности со кои се решаваат специфични филмски и телевизиски проблеми (простор, идентификација на ликови, дистрибуција на внимание, помнење...), поедини ефекти и толкувања, отворајќи ја можноста за пошироки толкувачки целини.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Факултет за драмски уметности - Скопје

Одговорен        проф. Лазар Секуловски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 30 61 188 

                            +389 75 46 49 80

Лабораторија за изучување странски јазици

Лабораторијата за изучување на странски јазици е наменета пред се за изведување на настава по странски јазици во струка за студентите од сите студиски програми  на Технички факултет Битола.

Лабораторијта се користи за изведување на настава по странски јазици во струка на Технички факултет и подготовка за изведување на часови за студентите од групата за англиски јазик од Педагошкиот факултет.

Лабораторијата може да реализира истражувања од областа на  изучувањето на странските јазици во струка и методиката на наставата по странски јазик. Исто така, лабораторијата може да помогне во истражувањата на постдипломците и докторантите од групата за англиски јазик на Педагошките  факултети. Во лабораторијата би можеле да се изведуваат и курсеви по странски јазици наменети за академскиот кадар или припадници на пошироката општествена заедница.

Установа:           УКЛО

Подносител:       Технички факултет - Битола

Одговорен        вон. проф. д-р. Викторија Петковска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (47) 22 22 05  

                            +389 (47) 20 77 50