Тел:   +389 2 3117 896
Факс: +389 2 3118 414
Е-пошта: contact@mon.gov.mk

Лабораторија за детски дијабет

Детскиот дијабет претставува основна патологија во детската ендокринологија. Соодветното контролирање на регулацијата на дијабетот е предуслов за квалитетен животен век на децата, без компликации кои се јавуваат во текот на адултната возраст. Новите и усовршени начини за апликација на инсулинската терапија, бараат и континуирано мерење на гликемијата проценката на добрата гликорегулација. Тоа се овозможува со користење на оваа лабораторија преку одредувањето на тромесечниот просек (ХбА1Ц), како и континуираното тро/седумдневно мерење на гликемијата (ЦГМС). Оваа лабораторија ќе има и едукативен карактер за обучување на родителите за користење на инсулинска пумпа, како најнова можност за апликација на инсулинот. 
Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински факултет, Универзитетска клиника за детски болести - Скопје  

Одговорен        проф. д-р Мирјана Кочова

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 29 156

                            +389 70 24 26 94

Стоматолошка лабораторија за научна истражувачка дејност

 Опремата се користи за изработка на најсовремени стоматолошки и протетски изработки. Лабораторијата е покрива  наставна и научноистражувачка дејност од повеќе области во стоматологија: протетика, стоматолошки ласер терапија, гнатологија, орална хирургија, ортодонција и дентална имплантологија.

Оваа лабораторија е достапна на студентите во наставниот процес од прв, втор и трет циклус на студии, научни работници кои сакаат да работат на научни проекти од областа на стоматологијата и стоматолошки материјали.

Ваквиот приод и поставување на лабораторијата на научно ниво претставува:

-        основа за аналитичко и студиозно планирање и решавање на состојбите кај пациенти кај кои е индицирана мобилна и/или фиксна стоматолошка рехабилитација,

-        основа за аналитички и студиозни клинички и експериментални испитувања на формираните дентални кавитети и препарации од аспект на применети различни инструменти и техники,

-        основа за аналитички и студиозни клинички и експериментални испитувања на формираните  (испрепарирани) коренски канални системи од аспект на применети различни инструменти и техники,

-        основа за аналитички и студиозни клинички и експериментални испитувања на квалитетот на материјалите за дефинитивните реставрација на денталните кавитети (од аспект на рабно затварање, тврдина, кршливост и пропустливост),

-        основа за аналитички и студиозни клинички и експериментални испитувања на квалитетот на дефинитивните реставрација на материјалите за канална оптурација (од аспект на прооднос, конфигурација, исполнетост, микропропустливост и др),

-        рамноправен партнер во клиничкиот тим коишто заедно претставуваат научна база и целина за изведување клинички и експриментални истражувања.

Преку соодветно користење на опремата, како и реализација на експериментални и клинички научно-истражувачки испитувања во состав на научно-истражувачки проекти, специјалистички и магистерски трудови во состав на вториот циклус на академски студии, како и изработка на докторски дисертации на идните докторанти, студенти на третиот циклус на студии започна да се остварува основната придобивка – обезбедување на квалитетна и соодветна здравствена услуга, поткрепена врз научна основа од којашто ке се дефинираат и оформат работни стоматолошки протоколи. 

Установа:           УГД

Подносител:       Факултет за медицински науки - Штип

Одговорен        проф. д-р Цена Димова

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (32) 55 04 39

                            +389 70 33 83 92

Лабораторија за молекуларна патологија и експериментална генска терапија

Оваа Лабораторија функционира на Институтот за патологија од 2002 година како “Лабораторија за молекуларна патологија”, а функционираше само со базична опрема чија главнина ја сочинуваа PCR thermal cycler модел AutoQ server од LKB/General Electrics, две единици за хоризонтална електрофореза на PCR продукти во агарозни гелови (GE), Multiphor II system за хоризонтална еднодимензионална и 2D електрофореза на агарозни и полиакриламидни гелови наменета за анализа на протеини (со можност за изоелектрично фокусирање) и анализа на едноверижни конформациски полиморфизми на PCR продукти, како и еден UV трансилуминатор за визуелизација на агарозни гелови боени со етидиум бромид.

Со проектот на Владата на Република Македонија, оваа лабораторија се осовремени со набавка на следната опрема:

            -        Автоматизиран генски анализатор (DNAsequencer) AppliedBiosystems (S/N 23100338)

            -        Систем за Real-Time PCR – Applied Biosystems (S/N 275007087)

            -        Спектрофотометар – Тhermo (S/N 5A5P010002)

            -        Ultracentrifuge Fresco 21 – Thermo (S/N 41328460)

            -        Ultrasound generator – Sonidel (S/N 12140)

Од инсталирањето на опремата до сега, Лабораторијата работи со полн капацитет на проблематика поврзана со откривање на полиморфизми и мутации во Retпротоонкогенот кај пациенти со медуларни карциноми на тироидната жлезда и пациенти со феохромоцитоми.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински  факултет, Институт за патологија - Скопје

Одговорен        проф. д-р Весна Јаневска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Tелефон:            +389 (02) 31 04 690

                            +389 70 25 57 01

Лабораторија за биомолекуларни фармацевтски анализи

Центарот за биомолекуларни фармацевтски анализи има за цел изведување на имплементација на принципите на индивидуализирана медицина во нашата држава. Овој Центар претставува унапредување на дејноста на постојните лаборатории за Молекуларна биологија и генетика, Фармакогенетика и Имунологија на Фармацевтскиот факултет во кои веќе повеќе од една деценија се изведуваат научно-истражувачки проекти од областа на биомолекуларните науки.

Центарот за биомолекуларни фармацевтски анализи иманаучно-истражувачка дејност (унапредување на сегашната научноистражувачка дејност во областа на молекуларната онкологија, фармакогенетика и имунологија на неуролошките заболувања преку зголемена компетитивност за изведување на проекти финансирани од меѓународни извори), апликативна дејност (проширување на опсегот на анализи кои се вршат за практикувањена медицина и фармација базирани на докази, изведување на фармакогенетски анализи за утврдување на индивидуализирана терапија базирана на точната молекуларна дијагноза на болеста и на индивидуланата способност за метаболирање на активната супстанца, односно имплементација на рационализирана терапија што ќе овозможи намалување на трошоците за лекување, а воедно зголемување на терапискиот исходособенопри терапија со скапи биолошки препарати, воведување на методологија за контрола на квалитет на биолошки лекови)и едукативна дејсност (обука на кадри во последипломска настава за потребите на фармацевтската индустрија и лабораториите кои се бават со молекуларна дијагностика и производство/контрола на квалитет на препарати добиени со биотехнолошки постапки).

Опрема добиена со проектот за опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност:

-        Систем за геномско секвенционирање

-        Ситем за дводимензионална електрофореза

-        Immage analyzer со софтвер за диференцијална анализа

-        Инвертен микроскоп

-        Апарат за квалитативно и квантитативно УВ/ВИС/хемилуминисцентно визуализирање на клетки и макромолекули

-        УВ/ВИС спектрофотометар за одредување на концентрација на нуклеински киселини и протеини во многу мали количини

-        Лабораториски центрифуги со ладење

-        Комориза стерилна работа со култури на ткива или микроорганизми со ламинарен проток на воздух

       -        Систем за добивање на ултрачиста вода за биоанализи

Установа:           УКИМ

Подносител:       Фармацевтски факултет - Скопје 

Одговорен        проф. д-р Александар Димовски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 31 26 024

                            +389 (02) 31 26 032

Клиничко - биохемиска лабораторија

  
Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински  факултет, Клиника за клиничка биохемија - Скопје

Одговорен        спец. д-р Јасмина Меческа-Јовчевска

Tелефон:            +389 (02) 31 19 080

Лабораторија за биохемиска пренатална дијагностика

Вo Лабораторија за биохемиска пренатална дијагностикасе изведува неинвазивен биохемиски скрининг за феталнии аномалии (Трисомија 21, 18, 13, отворена неврална туба), во склоп за задолжителниот скрининг за трудници во прв или втор триместар на бременост.

Освен за претходно наведеното, оваа лабораторија се користи за сета останата дијагностика потребна во работата на гинеколошко-акушерската клиника.

Лабораторијата е опремена технички и со стручен кадар и може да врши и учествува во научно-истражувачки проекти поврзани со хумана патологија.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински  факултет, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје

Одговорен        д-р Александра Атанасова

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 28 440

                            +389 70 35 04 24

Медицинска биохемиска лабораторија

Во медицинската биохемиска лабораторија се извршуваат лабораториски анализи за осигуреници на Фондот за здравствено осигурување и анализи поврзани со фармаколошки клинички студии (испитување на лекови), а се изведуваат и специфични анализи во склоп на научно-истражувачки проекти од областа на медицинските науки, финансирани од Министерството образование и наука.

Оваа лабораторија се користи за здравствени цели, за биохемиски анализи на испитаниците вклучени во фармаколошки клинички студии и за научноистражувачки цели.

Лабораторијата може да биде вклучена во научноистражувачки проекти од областа на медицинската и експерименталната биохемија, а од апликативните во проекти поврзани со фармаколошки клинички студии, како и останати проекти од областа на медицинските науки.

Лабораторијата е секогаш отворена за соработка со институции и физички лица кои се занимаваат со здравствена или научноистражувачка дејност, кои имаат предлози и идеи за меѓусебна соработка.  Лабораторијата е акредитирана од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија по стандардот 17 025.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински факултет, Институт за биохемија - Скопје

Одговорен        доц. д-р Светлана Цековска

Tелефон:            +389 (02) 32 17 303

Лабораторијата за остеодензитометрија

Добиената опрема за „Лабораторијата за остеодензитометрија се состои во Клинички остеодензитометар за коска-DXA (dual x-ray absorbometry) „Medix 90” od MediLink и компјутер поврзан со апаратот, во кој е инсталиран соодветен софтвер и програм за работа со DXA апаратот.

„Лабораторијата за остеодензитометријаслужи за рано откривање и следење на пациентите со остеопенија и остеопороза.

DXA апаратот служи за проценка на коскената минерална густина и коскена маса (преку проценка на t-score i z-score). Со апаратот се обезбедуваат стандардни дијагностички средства и места: лумбален рбет,  дистален дел на полактица,  цел колк, комбинирано испитување на лев и десен колк, комбинирано испитување на лумбален рбет и лев или десен колк и испитување на цело тело.  Апаратот прави калкулација на коскена минерална густина (BMD), коскена минерална содржина (BMC), t-score, z-score.

„Лабораторијата за остеодензитометрија  служи за научно-истражувачка дејност за проценка на ефикасноста од примената на медикаментозната терапија, кинезитерапијата, магнетотерапија и други физикални агенси во подобрување на коскената минерална густина, намалување на болките и подобрување на квалитетот на животот на овие болни.

Таа служи и во апликативни цели за рано откривање на болните со остеопенија/остеопороза, со цел навремено започнување со лекување, што би влијаело на намалување на најчестата компликација од заболувањето - скршеницата. Овие компликации значително влијаат на квалитетот на животот на овие болни, но претставуваат и голем економски и социјален проблем на општеството.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински факултет, Завод за физикална медицина и рехабилитација - Скопје

Одговорен        проф. д-р Ериета Николиќ-Димитрова

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 31 76 584

                            +389 75 59 97 49

Оптичко кохерентна томографска лабораторија на предниот сегмент на окото (ОСТ-АС)

  
Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински  факултет, Универзитетска клиника за очни болести - Скопје

Одговорен        проф. д-р Магдалена Антова Велевска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 31 47 356

                            +389 70 38 59 08

Лабораторија за морфолошки и функционални нарушувања на локомоторен систем

Лабораторијата за морфолошки и функционални нарушувања на локомоторен систем има широка примена во секојдневната рутинска работа на клиниката за ревматологија. Таа се користи и за изработка на научноистражувачки трудови.

Истотака, нејзините услуги ги користат и другите клиники од клиничкиот центар Мајка Тереза.Особено значајно е тоа што, нашата лабораторија има софтверски програм кој овозможува дијагностика и следење на терапија на примарна и секундарна остеопороза кај деца.Лабораторијата нуди соработка на сите заинтересирани институции и поединци од Р. Македонија.

Лабораторијата содржи два кабинети. Кабинетот за остеопороза располага со DXA и ултразвучен апарат кој се користи за скрининг, дијагноза и следење на ефектите на терапијата за ова заболување.Кабинетот за ултразвук на зглобови користи апарат за сонографска дијагностика на низа воспалителни и дегенеративни ревматски заболувања.

Лабораторијата може да послужи за изработка на проекти од интерес на државата, како нпр. за изработка на епидемиолошки студии за застапеноста на остеопорозата кај одредени субпопулации од интерес во поодделни градови, региони или низ целата територија на државата. Значајна алатка во следење на атхерентноста на пациентите кон препишаните лекови е мерењето на коскената густина со DXA апарат.

Услугите на нашата лабораторија може да се искористaт за истражувачки проекти од областа на ревматологијата, нефрологијата, пулмологијата, ендокринологијата, педијатријата, општа медицина, интерна медицина и многу други области на медицинската наука.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Клиника за ревматологија - Скопје

Одговорен        д-р Мимоза Николовска-Котевска

                            д-р Соња Павлова

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

                            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 31 47 110

                            +389 70 32 35 83

Имунолошка лабораторија

Основи (background) на потребата од нов ЕЛИСА апарат во имунолошката  лабораторија:Одредување на антитела кои што влегуваат во критериумите на поставувањето на дијагнозата на одредени системски автоимуни болестисо потполно автоматизиран процес.Одредувањето на антителата има големо значење во следењето на активноста на тие болести а пред се следењето на ефектите од имуносупресивната терапија кај  групата на болни со системски автоимуни заболувања. 

Апликативност за научно-истражувачки и практични цели: клиничка пракса и научно-истражувачка дејност во областа на системските автоимуни болести.  

Детална спецификација на опремата :Автоматизирана ЕЛИСА (перач,инкубатор и ридер сместени во еден апарат). Апаратот е од Германската фирма HUMAN.

Главни целни области и приоритети на лабораторијата :

Интернистичка група на Клиники , Клиника за детски болести, Клиника за Нервни болести,Клиника за гинекологија и акушерство,Клиника за Инфективни болести

Установа:           УКИМ

Подносител:       Клиника за ревматологија - Скопје

Одговорен        м-р д-р Дубравка Антова

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 31 47 110

                            +389 70 63 42 10

Лабораторија за скрининг на психоактивни супстанции

Во лабораторија за скрининг на психоактивни супстанци се утврдува евентуалното присуство на  хипнотици, седативи, аналгетици, психотропни супстанци и наркотични дроги. Резултатите кои се добиваат во оваа лабораторија даваат насоки за понатамошни анализи. Предмет на овие испитувања се биолошки течности.

Во оваа лабораторија се изведуваат испитувања во сите случаи на хомоцидни труења, суицидни, случајни, медицински, како и при употреба на отровите како средства за задоволство (морфиноманија, хероиноманија, кокаиноманија и алкохолизам).

Во оваа лабораторија се извршуваат токсиколошки анализи на биолошки течности за научно-истражувачки проекти во кои се проучува патологијата на шизофренијата како и  причините за суицидите и нивната превенција.  Анализите кои се изведуваат во оваа лабораторија се дел од националната програма за следење на смртност поврзана со дроги во соработка со MCDDA.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински факултет, Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија - Скопје  

Одговорен        д-р Билјана Јанеска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 31 77 044

Лабораторија за "In Vitro" фертилизација, замрзнување на полови клетки и ембриони

Главната примена на лабораторијата за Ин витро фертилизација, замрзнување на полови клетки и ембриони е во насока на изведување на ин витро фертилизација со примена на класичната и ICSI метода.

Лабораторијта се користи за потребите на пациентите каде е неопходно изведување на биомедицинско потпомогнато оплодување, а истовремено обезбедува и едукација на студенти од Медицинскиот факултет како и специјализанти по Гинекологија и акушерство

Со оглед дека станува збор за биолошки материјал кој подлежи на посебен закон за испитување и култивирање ограничено е изведување на истражувачки проекти.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински  факултет, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје

Одговорен        спец. мед. Братица Лазовска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 28 440

                            +389 70 36 37 84

Лабораторија за цитогенетски, пренатални и преимплантациони испитувања

Цитогенетската лабораторија во склоп на Клиниката за гинекологија и акушерство своите почетоци ги бележи уште од 1976 година како една од првите лаборатории од ваков тип во републиката. Нашата лабораторија е прва во Република Македонија која уште од 1987 година започна со изработување на кариотип од клетки од плодова вода односно пренатални анализи рано откривање на фетуси носители на некоја хромозомска промена, важна дијагностичка улога во акушерството. Со воведување на методата за вонтелесно оплодување се створија добри услови за воведување на Преимплантационата Генетска Дијагноза (PGD).

Со воведувањето на оваа техника се овозможува генетско испитување на ембрионите уште во нивниот ран развој кога се 6-8 клеточни и по испитувањето би се трансферирале само здравите ембриони.

Лабораторијата обезбедува едукација на студенти од Медицинскиот факултет, но исто така и на специјализанти по Гинекологија и акушерство.

Со реализација на проектот се набави апаратура: ултразвучен апарат со вагинална и абдоминална сонда, инвертен микроскоп и микроманипулатор за ИЦСИ, инвертен микроскоп за рутинска работа и контрола на клеточни култури, вертикална сигуроносна комора , светлосен микроскоп со можност за FISH микроскопирање , СО2 инкубатор со што се обнови и надополни веќе постоечката апаратура.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински  факултет, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје

Одговорен        спец. мед. Братица Лазовска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 28 440

                            +389 70 36 37 84

Лабораторија за дигестивна ендоскопија

Во оваа лабораторија се врши преглед на голем број на пациенти од државата и околните земји, поради можноста за дијагностички и тераписки процедури кои се достапни само во Клиниката за гастроентерохепатологија.

Со опремувањето на лабораторијата се створија услови за унапредување на функцијата на постоечките  лаборатории и тоа во делот на:

-        Рана и прецизна дијагноза на болестите на гастроинтестиналниот тракт црниот дроб, панкреасот  и билијарниот систем

-        Рано откривање на карциномот на хранопроводот, желудникот, панкреасот и билијарниот систем

-        Осовременување и олеснување на образовниот процес на специјалистичко и субспецијалистичко ниво.

 

Лабораторијата има три клучни функции:

-        Подобра функција на здраствениот сегмент, преку модернизација и унапредување апаратурата во: ендоскопската лабораторија и ехотомографската лабораторија

-        Можност за современа едукативна програма на студентите, специјализантите и субспецијализантите во областа на гастроентерохеоатологијата (од Р. Македонија и околните земји).

-        Услови за научно истражувачка дејност, која ги следи најмодерните светски трендови во областа на гастроентерохепатологијата.

 

Специјализираниот тим на лекари кој работи во оваа лабораторија има богато научно истражувачко искуство и досега има изработено повеке проекти но и во тек се научно истражувачки проекти. Лекарите имаат објавено трудови во научни спиосанија и презентирани трудови на стручни состаноци  дома и во странство. Со модернизацијата на овие единици можностите за понатамошна научно истражувачка работа се поголеми поради исклучително специфичните и обемни податоци кои ќе се добиваат во текот на секојдневната практична работа со пациентите. Наодите добиени при иследувањата и со двете методи претставуваат поле на можности за научно-истражувачка работа која допринесува за понатамошно унапредување на работата во областа на гастроентерохепатологијата.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински факултет, Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија - Скопје  

Одговорен        проф. д-р Ненад Јоксимовиќ 

Tелефон:            +389 (02) 31 47 130

Лабораторија за нарушен мотилитет на гастроинтестиналниот тракт со дигестивна ендоскопија кај децата

Болестите со нарушен мотилитет се едни од најчестите во детството. Тие се презентираат со повеќе симптоми и компликации: повраќање, ненапредување, слабокрвност, респираторни компликации (горен и долен респираторен тракт), рефлуксен езофагитис, опстипација, абдоминална болка, вознемиренсот итн. За нивна прецизна дијагностика, а след тоа третман потребна е софистицирана апаратура.

Лабораторијата се користи за научно-истражувачки и практични цели. Лабораторијата се користи за прецизна дијагностика и следење успехот на третманот на болестите со нарушен мотилитет во детството, како во Р. Македонија, така и во регионот (Косово, Албанија итн).

Учество во меѓународни проекти (во рамките на ЕСПГХАН и НАСПГХАН) и објавување во престижни часописи. Во лабораторијата има:

-        Апарат за комбинирана рН метрија и импеданса

-        Видеоендоскоп за горна ендоскопија

-        Видеоендоскоп за долна ендоскопија (колоноскопија)

-        Капсулна ендоскопија

-        Манометрија на горен и долен ГИТ

      -        Електрогастрографија 

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински факултет, Универзитетска клиника за детски болести - Скопје  

Одговорен        проф. д-р Ацо Костовски

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 29 156

                            +389 70 38 70 68

Лабораторија за електронска микроскопија

Во рамките на Институтот за патологија, лабораторијатаза електронска микроскопија (ЕМ)како централизирана лабораторија ja има следната намена:

-      апликативни дијагностички цели: овозможува увид во субцелуларните клеточни структури на нормалните и заболените ткива, директно наведувајќи прецизна точна дијагноза и евентуално поврзување на етиопатогенетските промени кои довеле до заболувањето. Тука доминантно место завземаат црнодробните заболувања, бубрежните заболувања, хематолошки заболувања, патологија на гастроинтестиналниот тракт, патологија на нервниот систем и неуромускулни дистрофии и диференцијалната дијагностика на туморите. Оваа е значајно со оглед на тоа што прецизната дијагностика на заболувањата е врзана со примена на терапија која треба да биде временски и економски оправдана, а максимално ефикасна.

-      софистицирана дијагностика на заболувањата, со можност за евалуација на патогенезата на заболувањата.

-      евалуација на ултраструктурните промени на ниво на клетката и нејзините макромолекули во студии кои би се работеле комплеметарно со хуманите материјали кои стојат на располагање на Институтот, и неговите лаборатории, пред се лабораторијата за клеточна култура која е екстензија на хуманата патологија во експериментални цели, а би била комплементарна со лабораторијата за молекуларни анализи како нејзин златен стандард.

-      добивање на податоци за хемискиот состав и физичките карактеристики на макромолекули и наночестици (структура, морфологија, порозност, дистрибуција на честиците) кои директно влијаат на нивните применски својства што соодветствува на аналитичка ЕМ.

-      детекција на микробиолошките агенси кои го напаѓаат хуманиот вид, животинскиот и растителниот свет.          

-      тродимензионална реконструкција на субцелуларни структури и анализа на нивните морфолошки промени при различни физиолошки и нефизиолошки услови, вклучувајќи малигна трансформација на клетките, стекнувајќи увид во морфолошката експресија на промените во макромолекулите на клетката

ЕМ-ја екомплементарна со авторадиографијата, смрзнати фрактури, имуноцитохемија, електронска дифракција, крио-електронска микроскопија, елементарни анализи, квантитативна микроскопија, високо волтажна електронска микроскопија. Со комбинирана употреба на имуноелектронмикроскопски методи можно е евалуација на промените на молекуларно ниво, детекција на субклеточните молекуларни транспортни системи и нивна субцелуларна тродимензионална визуелизација. Во ова поле електрон микроскопската техника е комплементарна со техниките на молекуларната патологија и техниките за клеточни култури и ткива, всушност златен стандард на резултатите добиени со примена на молекуларните техники комплементарно на дијагностичката и научно истражувачката дејност во патолошките лаборатории, вклучувајќи ја и лабораторијата за ткивна и клеточна култура.

Особена е примената во фармаацервтската индустрија при визуализација на тродимензионалната структура на наночестиците и останати методи од нанотехнологијата за развој на дијагностички и терпевтски фармацевтици.

 

Лабораторијта се користи за:

-      апликативна здравствена дејност: дијагностика на бубрежни гломеруларни болести, диференцијална дијагностика на туморите, невромускулни болести, хематолошки заболувања.

-      научно-истражувачка дејност: научно истражувачката дејност во моментот вклучува евалуација на промените во бубрежно ткиво под влијание на одредени фармацевтски средства (Види Прилог 1), како во евалуацијата на ултраструктурата и однесувањето на одредени наночестици како потенцијални носители на фарамаколошката активност за одредени субстанции (Види Прилог 2)..

-      лабораторијата во моментот се користи т.е. е на располагање на стручни лица од Департмент за невропсихијатрија при Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија, САД во истражување на промените на ултраструктутно ниво во зоната на хематоенцефалната бариера кај болни со шизофренија

-      вклучена е при реализацијата на одредени цели од научно истражувачки проект на Технолошкиот факултет, УКИМ, Скопје

Лаборараторијата исто така има примена во едукативната дејност при изработка на одредени дипломски студии. Искуствата од поразвиените европски институтии укажуваат на нејзината примена во здравствена дејност, биологија, технологија на храна, лекови, метали, кристалоидни субстании. Изработка на истражувачки проекти кои треба да се конкурентни за ФП7 програмата обврзно налага примена на технологиите од електронската микроскопија.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински  факултет, Институт за патологија - Скопје

Одговорен        проф. д-р Гордана Петрушевска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 31 04 698

Лабораторија за белодробни заболувања и туберколоза

Лабораторијата е одговорна за целокупната лабораториска дијагностика на туберкулозата во Македонија со следење и на наодите од резистенција кон антитуберкулотиците.

Постоечката опрема е дополнета со "Elisa uno analizator za QuantiFERON-TB Gold" test кој овозможува откривање на латентна туберкулозна инфекција (ЛТБИ) кај лица кои биле во скорашен контакт со болни од туберкулоза.

Добивањето на оваа апаратура овозможи правилна дијагностика на ЛТБИ, а последователно и соодветна превентивна терапија на оние на кои им е потребна. Со ова за прв пат во Република Македонија се овозможи изведување на овој тест, кој е од особена важност како превентивна мерка во контрола на туберкулозата, а помага и во дијагностички цели.

Добиен е и Флексибилен бронхоскоп- " NDS Lut", кој овозможува добивање на материјал за бактериолошка, лабораториска дијагностика на оние случаи со туберкулоза кај кои не се изолирани туберкулозни бактерии во искашлокот. Со ова се допринесува за подобра бактериолошка потврденост на туберкулозата. Лабораторијата функционира во склоп на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински  факултет, Институт за белодробни заболувања и туберколоза - Скопје

Одговорен        д-р Билјана Илиевска Попоска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 31 11 329

                            +389 75 28 19 38

Лабораторија за радиофармација

Лабораторијата за радиофармација е составен дел на Катедрата по фармацевтски науки при Факултетот за медицински науки, оформена за истражувачка, апликативна и едукативна дејност.

Истражувачката дејност е насочена кон дизајнирање, развој и синтеза на нови лиганди, прекурсори и референтни молекули и методи за нивно обележување со радиоактивни изотопи наменети за дијагностички, терапевтски цели, како и за базични истражувања кои ги опфаќаат сите аспекти на развој на нови лекови и лековити препарати, истражувања од областа на фармацијата, медицината, биологијата, хемијата и сродни науки, како и за и претклинички и клинички испитувања на нови и постоечки радиофармацевтици.

Апликативната дејност на лабораторијата и понатаму ќе биде насочена кон воведување на валидирани и акредитирани постапки за дефинирање на состав, форма на специфични радиофармацевтски препарати и нивна контрола на квалитет.

Лабораторијата за радиофармација е влезена со својот кадровски и технички потенцијал во програмата за прв и втор циклус студии, како и континуирана едукација на кадри во рамките на националните и меѓународните програми од областа на радиофармацијата и радиохемијата.

Лабораторијта се користи за:

-    За научно апликативна дејност во моментот  - за формулација на нови препарати за терапевтска (моноклонални антитела и пептиди обележани со бета радиоактивни изотопи – јод-131, лутециум-177) и дијагностичка дејност во нуклеарно медицински постапки - клинички студии (препарати обележани со технециум 99м)

-    Како составен дел од одделот за нуклеарна медицина (планирано за мај-јуни 2014 година), а во состав на поликлиничкиот дијагностички центар кој ќе поседува гама СПЕКТ/КТ камера за визуелизација на функционални промени, пред се на кардиоваскулрни заболувања, онколошки промени, тироидни заболувања, ренални и белодробни заболувања)

-    Потенцијална национална лабораторија за контрола на радиофармацевтски препарати при нивна регистрација за користење во Република Македонија  (спремна за соработка со Бирото/Агенцијата за лекови), кои во моментот не се регистрираат и испитуваат.

 

Лабораторијата веќе има активни проекти во соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и тоа:

-      Истражувачки проект за препарат наменет за терапија на лимфоми, кој има и докторски грант за двајца докторанти

-     Техничка соработка за етаблирање и развој на нуклеарната медицина во источниот дел од Република Македонија, и добивање на СПЕКТ/КТ камера во вредност над 550 000 Евра

-    Започната соработка во едукативниот сегмент за развој на учење на далечина во соработка на неколку европски универзитети преку креирање на магистерски програми за радиофармација и тренинг курсеви и обуки

 

Покрај постоечките проекти може да учествува во:

-        Истражувачки проекти за развој на нови препарати за дијагностика и терапија

-      Студии за следење на ефектот на зрачење (дозиметрија) на пациенти кои се третирани со радиоактивни изотопи (постоење на врвен систем за авторадиографија)

-    Контрола на квалитет за радиофармаевтски препарати кои се регистрираат за употреба на пациенти (се уште во РМ нема ваква конторлна лабораторија)

Лабораторијата поседува кадровски потенцијал кој со одредена доедукација (тренинг и специфични сертификати за ДПП и ДЛП) може да биде конкурентен на европските и светските лаборатории.

Установа:           УГД

Подносител:       Факултет за медицински науки - Штип

Одговорен        проф. д-р Емилија Јањевиќ - Ивановска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (32) 55 00 00

                            +389 (75) 37 48 05

Лабораторија за молекуларна дијагностика

Лабораторијата за Молекуларна дијагностика е наменета за изведување на молекуларни испитувања на микроорганизмите (како оние кои предизвикуваат инфекции и инфективни заболувања така и оние кои се дел од нормалната микрофлора), со цел да се обезбеди сигурна и брза детекција и идентификација на микроорганизмите, да им се испитаат нивните особини (патогеност, вируленција, осетливост кон антимикробни агенси, итн.). 

Лабораторијта се користи за детекција на хуман папилома вирус, детекција на предизвикувачи на септични состојби, детекција на вирусни предизвикувачи на респираторни инфекции и детекција на фактори на вируленција кај голем број бактерии. 

Со рана детекција на различни типови на Хуман папилома вирусот (особено високоризичните типови), лабораторијата би можела да учествува во научно-истражувачки проекти со кои би се превенирал развитокот на цервикалниот карцином кај жените.

Со детекција на вирусните причинители на респираторните инфекции, би се постигнала рана и сигурна дијагноза на овие многу важни и многу чести инфекции во нашата средина, би се спроведувала соодветна терапија, а воедно би се намалило непотребното ординирање на антибиотска терапија кај случаи каде што нема потврда за причинител на инфекцијата. Со овие испитувања би се добиле драгоцени податоци кои досега ги немало во нашата држава, за тоа кои вируси циркулираат, т.е на што е изложена нашата популација.

Со брзата детекција на причинителите на септичните состојби, би се постигнала соодветна антимикробна терапија на овие многу тешки состојби, а со тоа значително би се намалил нивниот морбидитет и морталитет. 

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински  факултет, Институт за микробиологија - Скопје

Одговорен        д-р Елена Трајковска Докиќ

Tелефон:            +389 (02) 31 09 829

Лабораторија за ХПВ типизација и онкопрофилакса

Лабораторијата за ХПВ типизација и онкопрофилакса врши целосна обработка на цервикалните брисеви по нивното земање: екстракција на DNA од брисевите, изведување на PCR (polymerase chain reaction) на изолираната DNA, електрофореза на добиените продукти и читање и интерпретација на добиените резултати.

Во лабораторијата се спроведува ХПВ скрининг. Покрај ХПВ вршиме анализи на примероци и за други сексуално преносливи патогени какона пример Chlamydia trachomatis, Neisseria gonorrhoeae и други, со молекуларни техники.

Во лабораторијата можат да се изведуваат научно истражувачки и апликативни проекти од областа на медицината и молекуларната биологија, генетски испитувања на мутации и наследни заболувања, испитување на голем број патогени, испитувања на фетална ДНК во мајчина крв. Проектите би биле од голема полза во подобрување на дијагностиката, следењето и терапијата на нашите пациенти.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински  факултет, Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство - Скопје

Одговорен        спец. мед. Меги Мицевска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Tелефон:            +389 (02) 32 28 440

                            +389 75 24 71 22

Лабораториско опремување на ЈЗУ Институт на медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот е здравствена, научна и едукативна институција, со повеќе од 40 год. искуство во научнои стражувачката дејност од областа на медицината на трудот и учество во бројни домашни и меѓународни научно-истаражувачки проекти, публикации од различни сегменти од областа на здравјето на работните луѓе, работната и животната средина.

Поради застареноста на опремата (повеќе од 20 години) и квалитетот на алерголошките, имунолошките, биохемиските и еколошките мерења, бројот на овие анализи во Институтот беше намален, а воедно постоеше опасност и дел од опремата да откаже со работа.

Со лабораториската опрема и воведувањето нанови методии техники се овозможи јакнењена материјалната и кадровска базана Институтот, како и можностите за стручна и научна едукација за вработениот персонал и здравствените тимови според активните програми за едукација на Институтот.

На територијата во која е лоциран Институтот, би се задоволиле потребите за поефективно, побрзо и попрецизно изведување на инфективните маркери, репродуктивните хормони, инфламаторните маркери, коскените маркери, тумормаркерите, анемиите, тироидните хормони итн.Особено сега детално би биле обработувани алергиите со помош на биохемискиот и имунолоШкиот анализатор.

Исто така, Атомскиот апсорпционен спектрофотометар овозможува мерење на тешки метали. Од тој аспект, особено значаен е биотоксиколошкиот мониторинг во кои бидат вклучени 20 тешки метали, елаборирани со адекватна интерпретација од професорите и специјалистите по медицина на труд, чии искуства се едукативно искористени. Се спроведува стручно усовршување на здравствените работници и здравствените соработници и други едукативни облици, како и преку Здружението за медицина на труд.

На овој начин се овозможува и поуспешна соработка со институции и организации од земјава и странство, како и успешно претставување на Република Македонија на меѓународно ниво во доменот на медицината на трудот и алергологијата.Секако и поуспешно реализирање на меѓународни обврски,кои произлегуваат од нашата функција какоединствен колаборативен центар на Светската здравствена организација во нашата земја, но исто така иевропски колаборативен центар на GA²LEN Network of Excellence (Global Allergy and Asthma European Network) за алергија и астма.

Опремата дава придонес во научно-истражувачки активности во одделни сегменти на медицина на трудот, како и подобро изготвување на националните програми што ги донесува Владата на Република Македонија, а посебно во Програмата за превентивна здравствена заштита во Република Македонија за невработените и земјоделците кои се изведуваат во континуитет од 2007 год. со придонес за унапредување на здравството во државата преку стратешките облици и содржини на Министерството за здравство на Република Македонија.

Со оваа опремасе обезбедува врвен квалитет на услуги, согласно потребите на граѓаните, особено од областа на медицина на трудот, токсикологијата и алергологијата.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински  факултет, ЈЗУ Институт на медицина на трудот на Република Македонија - Скопје 

Одговорен        д-р Снежана Милковска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Tелефон:            +389 (02) 26 21 428

                            +389 (02) 31 10 491

Хемиско биохемиска лабораторија

 Хемиско биохемиска лабораторија се состои од следниве делови:

Shimadzu High Performance Liquid Chromatograph LC-20A System

HPLC (High-Pressure Liquid Chormatography) е хроматографска аналитичка техника која се употребува за сепарација на смеси на соединенија со цел: идентификација, квантификација и/или прочистување на индивидуалните компоненти во тие смеси на соединенија. 

Принцип на работа на HPLC:

 

-        Инјектирање на мали волумени (5-20µl) од примерокот за анализа; кои се преведуваат во колонки (дијаметар 3-5микрони(µm) – стационарна фаза), каде индивидуалните компоненти преку мобилна фаза се движат надолу низ колонките под дејство на висок притисок кој го обезбедува пумпата;

-        Компонентите се одделуваат една од друга во колонките на сметка на различните хемиски и/или физички интеракции меѓу нивните молекули и молекулите на соединенијата од кои се составени колонките;

-        Одделените компоненти се детектираат на излезот од колонките преку детектор кој е поврзан со компјутер. Компјутерот го снима електричниот сигнал од компонентите и понатаму, од него, генерира хроматографски спектар од кој со понатамошна анализа се идентификуваат присутните супстанции и се определува нивната концентрација во примерокот.

 

HPLC е оптимална техника за сепарација на хемиски и биолошки соединенија кои не се испарливи, употреблива како за квантитативна така и за квалитативна анализа:

                -        Идентификација на индивидуални компоненти во примерок;

                -        Определување на количество на оддредени компоненти во примерок (нивна концентрација);

                -        Синтеза на чисти соединенија (препаративна хроматографија);

                -        Анализа на траги (определување на соединенија присутни во ppm или пониски концентрации).

 

Shimadzu High Performance Liquid Chromatograph LC-20A System поседува пумпа за висока резолуција. Резолуцијата околу 6uL овозможува точна и репродуцибилна анализа на податоци.Користи метод за инјектирање на примерокот без загуби.

SPD-20A детекторите овозможуваат највисок степен на сензибилност при детекција, линеарност на мерењата, проследено со елиминација на електронските шумови, како и контрола на температурата, константно во проточната ќелија. Овој преформанс е оптимален за секојдневна употреба при високо сензитивни анализи, како што е квантификација на нечистотии во различни примероци.

SPD-20AV во комбинација со D2 и W ламби овозможува овој апарат да се користи за анализи во целиот UV и VIS спектар.  SIL-20 подлогите за матрица, содржат околу 12 стандардни или микролитарски плочки, што овозможува доста висок капацитет на апаратот и секако побрза изведба на анализите.

 

Shimadzu High Performance Liquid Chromatograph Mass Spectrometer LCMS-2020         

HPLC/MS е хемиска техника која ги комбинира сепаративните можности на HPLC техниката со можностите за масена анализа на Масената Спектрометрија (MS). Со оглед на фактот што HPLC техниката индивидуално не дава доволно податоци за составот на некој примерок за анализа, подобно е таа да се комбинира со други аналитички техники за поголема релевантност на добиените резултати.

 

HPLC ги одделува составните компоненти на примерокот за анализа. Одделените метаболити излегувајќи од колонките на апаратот се воведуваат соодветно во масен анализатор, каде најпрво се отстранува растворувачот (кој се користи во HPLC како мобилна фаза), по што метаболитите се јонизираат. MS е аналитичка техника која ја определува молекулската маса на одделните соединенија во смеса. Метаболитите се јонизираат, со што доаѓа до фрагментирање на молекулите (се формираат јони), кои се спроведуваат низ високо вакуумирана цевка во високо магнетно поле, каде јоните се одделуваат според нивната маса и во различно време (во зависност од нивната маса) доаѓаат до детекторот каде се регистрираат и како резултат се конструира масен спектар.

Преку понатамошна анализа на масениот спектар се определуваат молекулските маси и молекулските формули на компонентите. Масениот спектар е еден вид на отпечаток на прст, затоашто секое органско соединение има единствен масен спектар. 

Овој апарат содржи еден квадрипол ултра LC/MS, со кој ефикасно се елиминираат ограничувањата на LC анализаторите. Овој апарат овозможува обработка на поголем број податоци, што се должи на побрзиот скен на примерокот кој го овозможува истиот.

Масена анализа на хроматографските пикови се изведува преку UFLC. LCMS-2020 овозможува UF промени меѓу позитивни и негативни јонизациони модови, како и UF скенирање за ултра брзо снимање (15000u/sec) на UFLC пиковите, што овозможува определување на дури и до 6 компоненти во минута.

Фрагментирањето на молекулите се изведува во CID ќелија, неопходно за определување на молекуларната маса на синтетичките соединенија како и квантификација на нечистотии од различна природа.

Селектирањето на соодветен јонизационен метод за соединението кое се анализира овозможува веродостојни резултати. LCMS-2020 ги нуди APCI и PLIS како дополнување на ESI методот. Различните јонизациони методи овозможуваат широк спектар на апликација на овој апарат.

Софтверот на овој апарат овозможува истовремено прикажување и на LC хроматограмите како и на MS спектрите, при што MS, PDA и LC податоците одделно можат да се анализираат како и комплементарно да се надополнат.

 

Shimadzu Gas Chromatograph Mass Spectrometer GCMS-QP2010 Ultra/Sе

GC/MS е комбиниран метод на две аналитички техники, гасена хроматографија (GC) и масена спектрометрија (MS), кој се користи за идентификација на различни супстанции во тест примерок.

GC е аналитичка техника која се користи за сепарација на испарливи и семииспарливи компоненти кои не се декомпонираат во процесот на испарување. GC е хроматографска техника која е мошне слична на HPLC. Разликата е:

 

-     Во GC се користи течна стационарна фаза и гасна мобилна фаза (инертен гас-He или нереактивен гас-N2);

-     Колонките низ кои поминува гасната фаза се лоцирани во печка за регулирање на температурата на гасот;

-     Концентрацијата на соединението во гасната фаза е функција од притисокот на пареите на гасот.

 

GC врши сепарација на смесата врз основа на разликите на притисоците на пареите на оделните компоненти во смесата, се разбира во микро скала.

GC ги одделува составните компонентите на примерокот за анализа. Одделените метаболити излегувајќи од колонките на апаратот се воведуваат соодветно во масен анализатор, каде метаболитите се јонизираат. MS е аналитичка техника која ја определува молекулската маса на одделните соединенија во смеса. Метаболитите се јонизираат, со што доаѓа до фрагментирање на молекулите (се формираат јони), кои се спроведуваат низ високо вакумирана цевка во високо магнетно поле, каде јоните се одделуваат според нивната маса и во различно време (во зависност од масата), доаѓаат  до детекторот каде се регистрираат и како резултат се конструира масен спектар, со чијашто понатамошна анализа се определуваат молекулските маси и молекулските формули на компонентите.

Масениот спектар е еден вид на отпечаток на прст, затоашто секое органско соединение има единствен масен спектар. Се категоризира како најдобар во својата класа, поради брзината на изведување на скеновите и сензитивноста, изведува околу 20000u/sec без спектрална дисторзија. Високо сензитивниот извор на јони овозможува ефикасен транспортен систем на истите како и температурна хомогенизација во изворот. FAAST овозможува споредба на податоците од скенирањето и SIM податоците на секоја анализа поединечно.

 

Shimadzu Multitype ICP Emission Spectrometer ICPE-9000

ICP-ES (inductively coupled plasma emission spectroscopy) е аналитичка техника која се употребува за елементарна анализа, техника за определување на траги на метали во различни примероци, техника со висока специфичност, способност за квалитативна и квантитативна анализа на мултикомпонентни примероци со детекциони лимити мерени во ppb.       

Примероци од најразличен вид можат да бидат анализирани со оваа техника, единствен предуслов е тие лесно да дисоцираат.

ICP-ES системот се состои од два основни дела, ICP извор и АES детектор.

Примерокот се воведува автоматски во системот, преку перисталтична пумпа. Се формираат микронски честички од примерокот кои патуваат низ цевките на инстументот, преку Ar како носечки гас до специјална комора каде настанува евапорaција, атомизација и екситација/јонизација на молекулите на примерокот, со користење на плазма од ICP изворот на многу високи температури. Ексцитираните/јонизирани атоми ја напуштаат плазмата, пришто нивните возбудени валентни електрони релаксирајќи се и враќајќи се во основната енергетска состојба емитираaт електромагнетно зрачење, на соодветни бранови должини карактеристични за секој поединечен елемент. Интензитетот на емисијата е правопропорционален со концентрацијата на елементот во примерокот за анализа. Видливата или UV радијацијата од примерокот следно се насочува низ монохроматор, каде емитуваното електромагнетно зрачење на поединечните атоми (соодветни бранови должини), се сепарира (преку призми) до соодветен детектор. Детекторот конструира спектар од фрекфенциите на електромагнетното зрачење емитирано од атомите на елементите присутни во примерокот. Секој елемент има уникатен емисионен спектар, па преку споредување на спектрите со референтни спектри или со а priori спектрална анализа се идентификуваат елементите присутни во примерок со непозната композиција.

Содржи датотека со спектри на повеќе различни елементи, која овозможува и квалитативна калибрација на апаратот и автоматски систем за селекција на различни бранови дожини. Користи вакуум спектрометар што значително ги олеснува трошоците, со оглед на фактот што овој апарат користи само Аргон гас за мерењата.

Поседува CCD детектор, со чиешто користење апаратот работи на релативно високи температури на ладење околу -15°C, со што се намалува периодот за иницијативна стабилизација и се овозможува долгорочна стабилност.

Содржи вертикален извор на плазма, со што се елиминира контаминација и блокади, а во исто време и примероци со висока концентрација можат да се анализираат давајќи релевантни резултати. 

Установа:           УКЛО

Подносител:       Висока медицинска школа - Битола

Одговорен        проф. д-р Стојна Ристевска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (47) 25 32 68

                            +389 (47) 25 42 68

Лабораторија за геномика и протеоника

Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија (ИЦГИБ) е основан во 1986 година како научна единица при Македонската академија на науките и уметностите. Основна цел на овој центар е унапредување на научните сознанија во полето на протеинската хемија, молекуларната биологија, генетското инженерство и биотехнологијата, преку научно истражување, едукативно-практични курсеви за млади научни кадри и постдипломски студии.

ИЦГИБ беше првата институција на просторите на бившите Југословенски републики која ги воведе и примени ДНК технологиите и со години беше предводник во истражувањата, едукацијата и апликацијата на овие дисциплини во регионот. ИЦГИБ е најголемата и најзначајната институција во нашата држава во полето на молекуларната генетика која има стекнато широка меѓународна препознатливост како Центар на извонредност.

Лабораторијата за геномика и протеоника е дел од владиниот проект за техничко инфраструктурно опремување на високообразовните и јавните научни установи. Станува збор за инвестиција во технолошка платформа за висока продуктивност преку геномски и протеомски истражувања.

Со инвестицијата се обезбеди доопремување на постојната лабораторијата. Набавени се: Нано ХПЛЦ, автоматски МАЛДИ спортинг систем и МАЛДИ-ТОФ-ТОФ масен спектометар со софтвер за идентификација на протеини, како и дополнителен софтвер за микробиолошка идентификација.

Лабораторијата се користи за истражувања во областа на геномика (анализа на екпресија на гени) и протеомика (анализа на протеини) и овозможува компетитивни истражувања во рамките на тековните проекти и програми во Истражувачкиот центар за генетски инженеринг и биотехнологија во чии рамки е инсталирана оваа лабораторија, така и за иницирање на нови програми и проекти во соработка со клиниките на Медицинскиот факултет и други научни институции во државата.

Опремата служи за практични цели во областа на современата медицина, како дијагностика на наследни, малигни и инфективни заболувања, за одредување на индивидуалниот ризик за добивање на комплексни болести како и за одредување на индивидуална терапија и следење на ефектот на истата.

Ставена е на располагање на сите заинтересирани научни работници кои имаат потреба да ја користат за своите истражувања, со што значително влијае на потенцијалот на научните работници за компетитивно учество во меѓународно финансирани проекти.

Од особено големо значење е Масениот спектрометар кој е наменет за истражувања со цел изнаоѓање биомаркери за дијагностика и предикција на бројни малигни и чести комплексни болести. Овие анализи се комплементарни на ДНК и РНК експресионите анализи и овозможуваат целосно и детално профилирање на транскрипционите и пост-транскрипционите промени во клетките и ткивата при одредени состојби.

Установа:           МАНУ

Подносител:       Истражувачки центар за генетско инженерство и биотехнологија - Скопје

Одговорен        проф. д-р Дијана Плашеска-Каранфилска

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Tелефон:            +389 (02) 32 35 410

                            +389 (02) 32 35 411

Лабораторија за форензичка патологија

Во оваа лабораторија се извршуваат судско-медицински обдукции, при што се врши детално испитување на лешевите од еден или повеќе судско медицински експерти, со цел да се утврди причината за смртта, начинот на смртта (природна, насилна), динамика на умирањето, откривање и верификување на повредите, откривање на механизмот на повредување, утврдување на виталноста на повредите (заживотно, агонално, посмртно), утврдување на точноста на поставена дијагноза, начин на лекување и применета терапија, утврдување или исклучување на состојби кои придонеле за смртен исход, утврдување времето на смртта, идентификација на лешот, идентификација на средството со кое се нанесени повердите.

Судско-медицинска обдукција се изведува во случаи на насилна смрт (смрт предизвикана исклучиво под дејство на егзогени фактори), ненадејна смрт  вкулучувајќи и смрт на новородено, незнаена смрт, сомнителна смрт, насилство врз човековите права како што е тортура или некпој друг вид на болно однесување, смрт на лица кои се приведуваат од истражни органи или се наоѓаат во притвор или на отслужување затворска казна, смрт при воена активност, смрт во текот на хируршки интервенции или други дијагностички инвазивни методи, смрт при технолошки или елементарни катастрофи, неидентификувани и скелетизирани тела, во сите случаи според Законот за кривична постапка и Законот за здравствена заштита.

Научната дејност е поврзана и произлегува од здравствената и апликативната, при што нејзината основна цел е усвојување на нови современи методи и техники кои би можеле да се аплицираат во судско-медицинската пракса, како и анализирање и следење на испитуваните појави од судско-медицински, односно безбедносен и здравствен аспект. Научната дејност се реализира со изработка на базични, билатерални и мултидисциплинарни национални и меѓународни проекти, докторски дисертации и магистерски и научни трудови од областа на судската медицина и криминалистика. Досега се успешно завршени проектите Застапеноста на гамаглобулинската група (Гм) во Македонија и нејзината примена во форензичната медицина, Непознати ткива и нивната полова детерминација од судско-медицински аспект, Невропатолошки студии кај шизофренијата, Дијатомеите во судско-медицинската и криминалистичката експертиза на утопувањето, Одредување на времето на смртта во раниот постмортален период и Голџиеви студии на шизофренијата.

Установа:           УКИМ

Подносител:       Медицински факултет, Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија - Скопје  

Одговорен        д-р Здравко Чакар 

Tелефон:            +389 (02) 31 77 044

Лабораторија за испитување и контрола на квалитет

Фармацевтскиот факултет, УКИМ-Скопје како високообразовна, научна и здравствена институција покрај образување на кадри од областа на фармацијата, располага и со висококвалификуван, едуциран и стручен кадар, и материјална база (современа лабораториска опрема) неопходна за изведување стручни, научни, развојни и апликативни истражувања во различни области.Во состав на факултетот се наоѓа Центарот за испитување и контрола на лековите кој е една од двете овластени институции од Бирото за лекови кои се овластени  за утврдување и следење на квалитетот на лековите во Република Македонија. Оваа лабораторијата е една од првите која е акредитирана согласно стандардот 17025 и е во постапка на вклучување во меѓународната мрежа ОМЦЛ (Official Medicinal Control Laboratoris) на ЕУ.

Новата лабораториска опрема овозможи унапредување и проширување на дејноста на оваа лабораторија во процесот на контрола на квалитетот на лековите, како и воведување на нови и актуелни методи во терапискиот мониторинг на лековите, мониторинг на опојните дроги и психотропни супстанции, во судско-медицинските испитувања, во истражувачките цели и следење на процесите на фармакокинетика,  биорасположливоста, и токсикокинетика, во определување на својствата на новите супстанции и нивната ефикасноста во терапијата и лекувањето.

Исто така, во лабораторијата се изведуваат и процесите на идентификација, структурни и квантитативни определувања на органските и неорганските загадувачи, поради проценка на ризикот по здравјето и животот на луѓето при изложеност во животната и работната средина. На тој начин се обезбедуваат квалитетни лабораториски услуги и се зголемува бројот и обемот на испитувањата.

Лабораторијата се состои од следнава апаратура:

-        Систем за високоефикасна течна хроматографија со масен детектор (LCMS-8030, Shimadzu) од типот на троен квадропол (QQQ)

-        Систем за високоефикасна течна хроматографија (Nexera UHPLC, Shimadzu)со детектор од низа на диоди (DAD) и рефрактивен индекс детектор (RI)

-        Систем за гасна хроматографија (GC 2010, Shimadzu)со детектор за определување на азотни и фосфорни соединенија

-        Автоматизиран систем (Agilent) за апликација на течни и гасовити примероци

-        Течен сцинтилациски анализатор (Tri-Carb 2800TR, Perkin Elmer)

-        Атомски апсорпционен спектрофотометар (AA-7000, Shimadzu)

-        Со графитна печка, пламена и хидридна техника

-        Микробранова печка (MILESTONE)

-        Автоматски систем за цврсто фазна екстракција (Biotage)

-        Систем за евапорација

-        Рефрактометар (Mettler Toledo)

     -        Полариметар (Anton Paar) 

Установа:           УКИМ

Подносител:       Фармацевтски факултет - Скопје 

Одговорен        проф. д-р Силвана Кулеванова

Е-пошта:            Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Tелефон:            +389 (02) 32 17 580

                            +389 (02) 31 19 694